INTERIOR

Човекот секој ден поминува по 16 или повеќе часа во затворен простор. За да се чувствува пријатно во него, неопходно е ентериерот да биде здрав, чист и уреден. За беспрекорни внатрешни ѕидови потребни се сигурни и лесно изводливи решенија. Како одговор на овој предизвик креиравме INTERIOR линија производи која носи стандарден систем за внатрешни ѕидови, системски решенија за обработка на внатрешни ѕидови за простории со зголемена влажност (кујна и бања) и за блокада на дамки на внатрешните ѕидови. Еколошките и паропропусни внатрешни бои на водена база, произведени се по највисоките европски еко-стандарди, обезбедуваат здрав живот, без токсични испарувања и хемикалии. Имаат одлична покривна моќ и широк избор на нијанси.