HYDRO / CERAMIC

Кујната, бањата, подрумот, терасата и покривот се меѓу најчувствителните делови во станбениот и деловниот простор. Безбедна и долготрајна заштита од вода и влага може да се обезбеди со HYDRO линијата на производи која ги опфаќа и најсложените потреби во областа на хидроизолацијата. Системот за поставување на керамика, природен камен или стаклен мозаик од програмата CERAMIC oвозможува реализација и на најсмелите идеи. Производите од HYDRO / CERAMIC системот се карактеризираат со сигурност, долготрајност и економичност (добар однос меѓу цената и квалитетот и помала потрошувачка). Лепилата за керамика, хидроизолационите премази и самонивелирачките маси ги задоволуваат техничките нормативи на европските стандарди и ја носат ознаката CE.
Ви овозможуваме сигурни и долготрајни системски решенија за поставување на керамика, на внатрешни и надворешни површини, во простории со многу влага, на тераси, како и решенија за плочки со голем формат.

Во нашата понуда се следните системски решенија:
1. HYDRO CERAMIC BATHROOM – за поставување на керамика во бањи;
2. HYDRO CERAMIC KITCHEN – за поставување на керамика во кујни;
3. HYDRO CERAMIC BALCONY – за поставување на керамика на тераси;
4. CERAMIC BIG TILES – за поставување на керамика со голем формат.