СПОМЕНИТЕ ДА ТРААТ ВЕЧНО

ДОЛГОТРАЈНА ЗАШТИТА, ВО БОЈА

20.03.2020
image

Дали го чувате стариот бабин креденец кој никогаш не би го замениле со модерен плакар? Веројатно да, бидејќи тој е нераскинлив дел од семејното наследство. Не се одрекувате од него, туку го вклопувате во севкупниот амбиент и атмосфера на вашиот дом бирајќи начин на кој ќе го користите и место на кое ќе стои. Меѓутоа, без соодветна заштита дрвениот креденец брзо може да пропадне и да ја загуби својата функционалност. На кој начин може да му се продолжи векот на траење?

Следејќи ги актуелните трендови во областа на заштита и декорација на дрво и метал, компанијата Бекамент ја разви линијата на производи PROTECTART. Освен што го заштитуваат, PROTECTART производите го облагородуваат просторот со широка палета бои…

Во зависност од материјалите што се користени при изработката на предметите што сакате да ги заштитите или „освежите“ ќе ви бидат потребни квалитетни премази. Во продолжение можете да најдете неколку производи кои со своите карактеристики можат да одговорат и на најистенчените барања кога се во прашање постојаноста и естетскиот изглед на употребените елементи во вашиот дом и околината.

Доколку сакате да заштитите дрвени прозорци, врати, огради и ламперии, овде се транспарентните премази, односно лазури, кои го штитат дрвото од вода и други атмосферски влијанија притоа давајќи му ги и саканите естетски карактеристики.

image

Транспарентниот премаз за дрво со дебел слој BK-Lasur Gold е изработен од восок, алкидни смоли, УВ-стабилни пигменти и растворувачи.

PROTECTART нуди и еколошки транспарентни премази на водена основа, едноставни за употреба и погодни за декоративна заштита на дрво во надворешна и внатрешна средина. Производите се погодни за третман на делови од мебел, дури и за разубавување на дрвени куќички за птици или за вашите домашни миленици.

Градинарскиот мебел и другите предмети во екстериерот постојано се изложени на различни влијанија како сончеви зраци, дожд или снег, затоа е потребно да се преземат одредени мерки за нивна заштита и враќање на првичниот изглед.
Најдобар начин да ги „оживеете“ е да користите PROTECTART премази на маслена и нитро основа, наменети за декорација и заштита на метали и дрво, во ентериер и екстериер (градежна столарија, огради, порти, метални конструкции).

Доколку сте вљубеник во пловидба за време на сончевите денови, неопходно е соодветно да се погрижите за вашиот чамец или брод за да биде подготвен за топлата сезона.
Ви го предлагаме безбојниот премаз со висок сјај BK-Marine наменет за заштита на чамци, бродски подови и друга дрвенарија во ентериер и екстериер. Отпорен е на вода, механички и атмосферски влијанија.

Покрај премазите за универзална заштита на метални и дрвени површини, PROTECTART нуди и премаз за декоративна заштита на радијатори и слични метални грејни површини што можат да станат убава декорација за вашиот ентериер. Премазите се отпорни на абење и на температури до 120 °C.


TAGS : Interior Home Colors Bekament