Што се крие позади бојата за ѕидови: инспирација, креативност и емоции

Што се крие позади бојата за ѕидови: инспирација, креативност и емоции

Што се крие позади бојата за ѕидови: инспирација, креативност и емоции

Што се крие позади бојата за ѕидови: инспирација, креативност и емоции

Доколку сте во раните фази на планирање на уредувањето на својот дом, оваа блог страница е вистинското место каде што ќе најдете корисни совети кои можат да Ве инспирираат да ја ослободите својата креативност и да го оживеете автентичното чувство за комбинирање на бои.

Секој дел од Вашиот дом бара комбинирање на нијанса која ќе биде одраз на Вашиот стил и ќе создаде енергија на амбиентот кој ќе Ви се допадне во секој момент. Намената на секоја соба во домот треба да биде основа од која почнува размислувањето за боите на ѕидовите и за дизајнот на ентериерот.

Како паметно да започнете?

Пред да ја земете палетата во раце, разгледајте го Вашиот дом и направете попис на карактеристиките во него. Каков е распоредот на просториите во куќата и кои се нивните димензии? Колку светлина влегува во Вашите соби? Дали имате темни или светли дрвени подови, oтворени греди или камин од камен? Нијансите и тонот на сите овие елементи пожелно е внимателно да се вметнат во изборот на основните бои за ѕидовите со најголема површина. Секоја просторија има своја единствена естетика во која најмногу доминира одредениот елемент на мебел, можеби некој голем прозор или раскошен тепих. Потрудете се со основната боја за ѕидови да не ги засените омилените детали, туку да ги вклопите во хармоничниот дух.

Добро утврдете што сакате да постигнете во просторот и храбро продолжете со понатамошната реализација. Вистинската инспирација можете да ја најдете во добра фотографија, уметничко дело или амбиент од омилениот ресторан.

За да ги изберете посакуваните нијанси кои ќе ги осликуваат Вашите емоции во амбиентот, користете ја палетата со примероци.

Целина на домот

Иако е вообичаена предност да се користи истата боја или нејзините блиски нијанси за секој простор, и адекватната комбинација на бои може да придонесе за создавање софистициран, модерен и автентичен дизајн на ентериерот. Боите за ѕидови кои меѓусебно добро се вклопуваат, ќе го насочуваат погледот од една во друга соба, создавајќи волшепство на визуелниот континуитет.

Најголемата соба во просторот можете да ја направите попријатна и потопла доколку користите потопли нијанси, како крем или жолта. Од друга страна, за потребата на визуелно зголемување на помалите соби, се препорачува примена на ладни нијанси како сина, зелена или виолетова. Тесните и долги простори можат да се направат поголеми и пошироки доколку изберете посветол тон за долгите, а малку потемна нијанса за кратките ѕидни површини.

Добро осветлениот простор се приметува веднаш по влезот во истиот. При изборот на бои за ѕидови, внимавајте на количеството природно осветлување, односно ориентација на просторијата во однос на изворот на светлина.

Како се менува позицијата на сонцето во текот на денот, ќе се менува и бојата на Вашата соба во однос на количеството на светлина која допира во неа. Собите свртени кон север имаат ладна и сина светлина, а просториите свртени кон југ примаат многу повеќе светлина и најубави се во топли бои. Источното светло е топло и жолто пред пладне, а подоцна во текот на денот станува синкасто. Вечерното светло во собите свртени кон запад е нежно и топло, додека утринското може да создаде сенки кои ентериерот ќе го направат поинтересно место за престој.

Интима на спалната соба

Спалната соба е Вашето лично место за одмор и релаксација. Најдобриот избор на бои подразбира нежни и смирувачки тонови, но нема да погрешите ако се одлучите за длабоки, светли или заситени нијанси кои ќе донесат нова енергија и ќе Ви ги разубават утрата.

Се верува дека нежно зелената го намалува стресот, поради што е одличен избор за спалната соба. Сините го намалуваат крвниот притисок, го забавуваат дишењето и пулсот, додека виолетовата боја во светли нијанси, како лаванда и јоргован, придонесува за релаксирачки, топол ефект.

Шарм на дневната соба

Слободното време и непроценливите заеднички моменти кои ги поминувате со Вашите драги лица, дневната соба ја прават најважен простор која би требало да зрачи со топлина и хармонична енергија. На тоа место се создаваат безброј убави спомени. Бојата на дневната соба има огромно влијание на целиот визуелен впечаток и чувството кое го рефлектира амбиентот.

Неутралната сива боја е одраз на елеганција и софистициран стил. Ѕидовите во сивите нијанси делуваат исклучително смирувачки и придонесуваат за топлина на целокупниот амбиент. Оваа боја за ѕидови е сосема неутрална, може лесно да се комбинира со другите бои, без оглед на тоа дали се работи за ѕидови, декоративни детали или мебел.

Кујна и трпезарија бојадисани со вкус

Кујната не е само место за подготвување на оброци, туку сè повеќе станува и простор за разговор и дружење, додека трпезаријата дополнително придонесува за чувството на удобност и друштвеност на амбиентот во кој престoјуваме.

Искуството ни кажува дека топлите неутрални и пригушени тонови најдобро функционираат во кујната затоа што создаваат чувство на чистота и пријатна околина. Сепак, со избалансирана комбинација на комплементарните бои, дополнително ќе ја нагласите естетиката на овој дел од просторот и ќе инспирирате одлични кулинарски ремек-дела. Жолтата нијанса носи енергија, зелената може да го направи просторот пријатно место за дружење, додека виолетовите детали носат елегантен изглед, полн со шарм. Кога се разгледува најдоброто решение за бојата на ѕидот во трпезаријата, се препорачува да се изберат оние нијанси кои, според психолошките истражувања, го стимулираат апетитот.

Црвената и портокаловата боја го стимулираат апетитот, а со добро осветлување тие можат и да го подигнат нивото на енергија и да поттикнат разговор. Поради интензитетот на дадените бои, потребно е внимателно да се користат и секако да се комбинираат со други неутрални бои или детали на ентериерот.

Од друга страна, топлите и посветли нијанси на жолта, корална, златна или бронзена боја ќе придонесат за ведрина на просторијата и впечатокот на поголема осветленост.

Ве повикуваме со нас на нашите социјални мрежи Facebook / Instagram да споделите кои бои ги избирате Вие за внатрешните ѕидови.

Ви се допадна текстов? Прочитајте уште некој на тема бои за ѕидови:
Што се крие зад боите за ѕидови: BEKAMENT INTERIOR? 
Бои за ѕидови – 5 факти кои треба да ги знаете за боите
Кои бои за ѕидови се во тренд? 

 

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.