TРЕНИНГ ЦЕНТАР

Постојаните обуки и тренинзи се дел од визијата на компанијата Bekament која ја истакнува едукацијата како темел на идните успеси.

Водејќи се од горенаведеното, компанијата во 2014 година го отвори Bekament Tренинг центарот.

Bekament Tренинг центарот обезбедува стручно усовршување за фасадери, молери, керамичари и паркетари, овозможувајќи им професионална теориска и практична едукација за Bekament производите и системските решенија, со што можат да го унапредат своето знаење во областа на завршните работи во градежништвото.

Секоја година обуката во Bekament Tренинг центарот ја завршуваат повеќе од 2000 изведувачи на завршни работи од Србија и регионот.

Bekament Tренинг центарот, кој се простира на 1.000 метри квадратни, претставува модерно опремен простор во кој учесниците ги имаат сите услови за стекнување на нови знаења.

Просторот се состои од две целини: училница за стручни предавања и вежбална за практична настава.

Програмата за едукација во рамките на тренинг центарот е осмислена на начин со кој на учесниците им се нуди широка лепеза на знаења од страна на стручните лица од Службата за техничка поддршка на компанијата Bekament.

Eкспертското спроведување на обуките за производите на Bekament, системските решенија кои ги нуди компанијата, како и нивната практична примена, на изведувачите на завршни работи им овозможува стручно усовршување кое ќе им обезбеди напредок во понатамошниот професионален развој.