Amбасадори во посета на компанијата bekament

Amбасадори во посета на компанијата bekament

Amбасадори во посета на компанијата bekament

Amбасадори во посета на компанијата bekament

Компанијата Bekament во среда 30.10.2019 организираше прием за амбасадори од 8 арапски земји: Палестина, Алжир, Египет, Ирак, Либија, Мароко, Катар и Тунис.

Заедно со амбасадорите, компанијата беше домаќин и на високите претставници на Општина Аранѓеловац, предводена од претседателот на Општина Аранѓеловац Бојан Радовиќ.

Oрганизацијата на оваа важна дипломатска посета подразбираше состанок за запознавање и посета на фабричкиот комплекс.

Официјалниот дел од средбата започна со поздравниот говор на заменик генералниот директор, Милан Манојловиќ, кој во своето воведно обраќање им ја претстави на амбасадорите компанијата Bekament, нејзината основна дејност, капацитетите и производната програма.

Потоа, беше прикажан корпоративниот филм со кој е опфатен развојниот пат на компанијата Bekament oд нејзиното основање па се до денес кога стана една од технолошки најнапредните во производството на материјали за завршни работи во градежништвото и која успешно работи на повеќе од 10 пазари во ЕУ и регионот.

Завршниот дел на состанокот подразбираше разговор за потенцијалните ширења на работењето на компанијата на новите пазари со цел остварување на понатамошниот стопански напредок.

По состанокот, амбасадорите го посетија фабричкиот комплекс и производните погони каде имаа можност на лице место да се запознаат со процесите на производство и со производната програма. Кога се работи за материјалите и за нивната понатамошна примена, амбасадорите покажаа голем интерес што водеше кон воспоставување на понатамошен контакт на тема пласирање на Bekament-ови производи на нови пазари.

Prilog RTV Šumadija

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.