BEKAMENT ИНВЕСТИРАШЕ 12 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИТЕ ФАБРИЧКИ ПОСТРОЈКИ

BEKAMENT ИНВЕСТИРАШЕ 12 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИТЕ ФАБРИЧКИ ПОСТРОЈКИ

BEKAMENT ИНВЕСТИРАШЕ 12 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИТЕ ФАБРИЧКИ ПОСТРОЈКИ

BEKAMENT ИНВЕСТИРАШЕ 12 МИЛИОНИ ЕВРА ВО НОВИТЕ ФАБРИЧКИ ПОСТРОЈКИ

Компанијата Bekament oтвори нова фабрика за производство на стиродур и пушти во работа две нови производствени линии во рамките на погонот за течна програма, а воедно и одбележа 30 години од работењето

Фабрички комплекс на компанијата Bekament, Аранѓеловац, 14 јуни 2022 година – Реномираната компанија Bekament, една од технолошки најсовремените компании за производство на материјали за завршни работи во градежништвото, свечено ги пушти во работа новата фабрика за производство на стиродур и двете нови производни линии во рамките на погонот за течна програма.

Со инвестициите од вкупно 12 милиони евра, компанијата дополнително ја зацврсти својата позиција на пазарот и ја оправда репутацијата на лидер во овој дел на југоисточна Европа.

Новата фабрика за стиродур е во ранг со најсовремените постројки во Европа со автоматизиран процес на работа. Се работи за инвестиција од 8 милиони евра, а годишниот производствен капацитет на фабриката ќе изнесува 250.000 метри кубни. Со работата на новиот погон овозможено е отворање на 40 нови работни места во рамките на компанијата.

Значителен придонес во реализацијата на овој голем проект има Министерството за економија кое на компанијата Bekament и додели стимулативни средства во износ од 867.934 eврa.

Покрај наведеното, компанијата Bekament инвестираше и во фабриката за течна програма, проширувајќи ги постоечките капацитети со пуштање во работа на две нови линии за производство на фасаден малтер и BK-Pol бои за внатрешни ѕидови.

Со дадената инвестиција од 4 милиони евра, Bekament ќе биде во можност да произведе 70 тони течни производи на час со годишен производствен капацитет од 150 илјади тони, и со самото тоа, подигнувајќи го стандардот за брзина на испораката и квалитетот на услугите, целосно да одговори на потребите на дистрибутерите/ купувачите.

„Со континуирано инвестирање во новите фабрички погони и со проширување на мрежата на деловни партнери, Bekament од година во година ја зацврстува својата пазарна позиција и бележи раст на промет од 20 проценти, придонесувајќи за стабилноста на српската економија, но и за стапката на вработеност, поради почетокот на работата на новите погони, отворивме и нови 40 работни места“, изјави Александар Чоловиќ, сопственик на компанијата Bekament.

На свеченоста по повод отворањето на новите фабрики изјави за медиумите дадоа министерката за економија, Анѓелка Атанасковиќ и сопственикот и генерален директор на компанијата Bekament Дејан Чоловиќ.

„Компанијата Bekament е вистински пример за одлична семејна фирма и нивниот успех е многу важен за домашната економија. Министерството за економија секогаш им помага на домашните компании со цел нивен раст и раст на државата, но и обезбедување на нови работни места за останување на нашите деца во Србија“, изјави министерката Aтанасковиќ.

„Во изминативе 30 години, компанијата Bekament инвестираше околу 100 милиони евра во самата фабрика и постројките. Ние ќе продолжиме да инвестираме во развојот на компанијата и во српската економија, планираме и проширување на нашето веќе богато портфолио на уште повеќе пазари на Европската унија. Сакам да му се заблагодарам на Министерството за економија кое го препозна Bekament како еден од столбовите на домашната економија и на придонесот кој е важен како морално, така и финансиски“, изјави Дејан Чоловиќ, сопственик и генерален директор на компанијата Bekament.

Тековната година е и година на јубилеи, кога компанијата Bekament прославува 30 години од своето успешно работење.

Од своето основање во 1992 година, па сè до денес Bekament се трансформираше во силна домашна компанија која поседува најсовремени фабрички капацитети и портфолио од над 250 производи кои ги пласира на преку 10 пазари во регионот и во Европската Унија. За деловниот успех на Bekament заслужни се и над 500 вработени.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.