Со цел запознавање со производната програма, компанијата Banja Komerc Bekament д.o.o. учествуваше, заедно со својот дистрибутер за Косово, Babija Commerc NTP, на саемот за градежништво Expokos во Приштина, од 15 до 18 мај 2013 година. При што беше претставена програмата на производите на Bekament со најголем акцент на декоративните малтери и фасади. Посетителите имаа можност да се запознаат со атрактивните примероци, да ги испробаат производите и лично да се уверат во квалитетот.
Во текот на саемот, беше организирано дружење со дистрибутерот Babija Commerc NTP и со под-дистрибутерите од овој пазар. На презентацијата која беше организирана во рамките на ова дружење и на свечената вечера присуствуваа значителен број на сопственици и претставници од малопродажбата. На сите присутни, Bekament им ги претстави новитетите во рамките на асортиманот производи, при што најголемо внимание им беше посветено на боите за бетон, лепилата за паркет, на фасадните и декоративни материјали.