Компанијата Bekament и Фондацијата Bekament го поддржаа детскиот фестивал „НишкиД“ со донација на бои за бетон кои се користеа за реализација на спортските работилници.
Maнифестацијата се одржа во месец октомври во Ниш, а подразбираше едукативни работилници (ликовна, драмска, кукларска, херојска, спортска, фото и видео, танцувачка, стрип, еколошка, јазична, музичка и новинарска), каде учесниците имаа можност да се дружат, запознаваат, да стекнуваат нови знаења и вештини, да развиваат љубов кон културата и уметноста и на жирито и публиката да им ги презентираат својот труд и талент.