Во согласност со своето општествено одговорно работење компанијата Banja Komerc Bekament ДOO го поддржа Коњичкиот клуб Шабац, кој по тој повод, во знак на благодарност на 7 јули 2012 година организираше Bekament тркачки ден. Се одржаа 4 галопски трки и една трка во сулки, а претставниците на компанијата Bekament на победниците им врачија пехари и му се заблагодарија на КК Шабац со надеж дека со заеднички труд ќе создадат модерен, европски коњички клуб.
На Bekament тркачкиот ден присуствуваа преку 4000 посетители, кои имаа можност да уживаат во натпреварувањето на најдобрите расни галопери на подрачјето на нашата земја.
Компанијата уште еднаш покажа пример за добрата практика на општествено одговорното работење со активното учество во проектот кој придонесува за благосостојба на заедницата во која работи и ги повика сите партнери да го прифатат концептот на корпоративната филантропија.