Во февруари се одржа традиционално дружење со нашите деловни партнери, тоа беше одлична можност во опуштена атмосфера да се потсетиме на заедничките успеси од 2018 година, но и да ги согледаме перспективите за сезоната која е пред нас.
Со деловните партнери од пазарот на Словенија и БиХ се дружевме во Словенија, во Терми Чатеж во периодот од 1 до 3 февруари, a со деловните партнери од пазарот на Србија, Македонија, Црна Гора и Хрватска се дружевме во Србија, на Златибор, од 8 до 10 февруари.
Oфицијалниот дел на програмата го отвори и на деловните партнери им се обрати сопственикот и Генерален директор на компанијата Bekament Дејан Чоловиќ, истакнувајќи дека лојалноста е еден од најважните клучеви за успех за заедничката долгорочна соработка. Потоа следеше презентацијата на Директорката на маркетинг Бојана Рудовиќ, која ја претстави новата стратегија за работење, односно визијата и новата позиција на брендот кои ги осликуваат силата и вредностите на нашата компанија. Исто така, беше прикажана и промената на целокупниот визуелен идентитет од логотипот, преку brending елементите, сè до портфолиото. Потоа Весна Јовановиќ, Product менаџер одржа презентација на тема промени во рамките на асортиманот, а завршен збор имаше комерцијалниот директор Миодраг Петровиќ кој поблиску ги претстави структурата на организацијата и продажните цели.
Безбедност, стабилност, доверба, квалитет и сигурност – се зборови кои не дефинираат веќе 26 години и се важен дел од нашиот заеднички успех – нашата сила!
Bekament
Силата е во наши раце
Дружење со деловните партнери
