Сите производи на Banja Komerc Bekament поседуваат сертификати и атести од домашни лаборатории и лаборатории од ЕУ. Banja Komerc Bekament, покрај стандардот ISO 9001 и ISO 14001, неодамна го доби и сертификатот за ETA стандард што го потврдува квалитетот на нашите производи. Eколошката, економска и енергетска криза укажуваат дека досегашниот начин на експлоатација на ресурси е неодржлив и дека екологијата и енергијата претставуваат два причинско-последични проблеми на иднината на човештвото. Архитектурата стана една од примарните цели на еколошката реформа затоа што се проценува дека зградите за домување користат 1/6 од светските резерви на вода за пиење, ¼ шумарски површини и 2/5 фосилни горива. На еден станбен објект се губат 20% eнергија преку покривот, 20% преку прозорците и вратите, 6% преку подрумската плоча и 25-40% преку ѕидовите. Бидејќи најголемите загуби се преку надворешните ѕидови, компанијата Banja Komerc Bekament одлучи да развие фасадни системи за намалување на потрошувачката на енергија. Улогата на надворешниот ѕид како елементарна обвивка на објектот е да го заштити објектот од прегревање, губење на топлина, атмосферски влијанија, потоа да има и добри акумулативни способности за да може на објектот да му се овозможи топлотен но и звучен комфорт со цел намалување на потрошувачката на енергенти.
Eta стандард
