Bekament свечено ја отвори новата фабрика за градежен стиропор во рамките на производствениот комплекс во Бања. На свеченото отворање на фабриката присуствуваа претседателот на Владата на Република Србија, министерот за внатрешни работи, претседателот на општина Аранѓеловац, нашите многубројни соработници, вработени и пријатели.
„Новоотворената фабрика целосно го заокружува процесот на производство од основни суровини до финални производи. Со градежниот стиропор во понудата, стануваме единствена домашна компанија која ги произведува сите материјали неопходни за завршни работи во градежништвото. Тоа што е еднакво важно е дека во новата фабрика покрај 300 постоечки работници работа најдоа и 70 нови вработени”, рече Дејан Чоловиќ, генерален директор на компанијата Bekament.
„Bekament е камен на српската економија и камен на српската иднина“, порача претседателот на Владата Aлександар Вучиќ и на сопствениците им честиташе што своите производи ги извезуваат во Албанија и Хрватска. Тој наведе дека ниту еден погон не е толку убав како овој на компанијата Bekament и дека е особено горд и среќен затоа што се работи за српска семејна компанија.
По официјалното отворање и сечењето на лента, сите присутни имаа можност да го посетат нашиот нов погон, а со славењето продолживме во хотелот „Извор“ во Аранѓеловац.
Годишниот капацитет на производство на стиропор во новата фабрика изнесува 500.000 кубни метри. Сите производи на Bekament ги поседуваат сертификатите потребни за извоз во ЕУ, а согласно плановите, градежниот стиропор произведен во новата фабрика ќе биде пласиран на домашниот пазар, но и на пазарите на државите во регионот.