Бањата, кујната, подрумот, терасата или покривот спаѓаат во најчувствителните делови на животниот простор поради честата појава на влага и мувла, што го нарушува естетскиот изглед на просториите и негативно влијае на здравјето на луѓето кои престојуваат во нив.
Затоа, без оглед дали се гради нов објект или се решава прашањето на хидроизолацијата во објект кој веќе е во употреба, изборот на вистинско системско решение е од клучно значење.
Компанијата Бекамент го разви HYDRO CERAMIC BATHROOM системско решение за хидроизолација и поставување керамика во бања, кое го одликува висок квалитет, доверливост, долготрајност и економичност.
Препознавајќи го значењето и придобивките од правилната монтажа на дадениот систем, од страна на компанијата Бекамент е подготвен едукативен и содржаен видео материјал кој на јасен, прецизен и конкретен начин го објаснува процесот на имплементација и важноста на ова решение.
Видео упатството нуди ново знаење за постапката на стручна примена на секоја поединечна компонента на системското решение односно производите од асортиманот HYDRO CERAMIC, како и алатите што се користат во таа пригода.
Преку видео материјалот може да се научи сѐ за процесот на правилно нанесување на универзална подлога и висококвалитетен хидроизолациски премаз, натопување на хидроизолациска лента, користење на флексибилно лепило за керамика до примена на водоотпорна маса за фугирање на керамички плочки и силиконска маса за заптивање отпорна на мувла.
Откако просторот/бањата сигурно и долготрајно ќе се заштити од продирањето на вода и влага, може да се пристапи кон негово опремување и прилагодување на сопствените потреби и вкус.