Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ги собра врвните асови од белиот спорт кои се претставија пред публиката на хуманитарната тениска манифестација „Adria Tour“, што се одржа во Белград од 12.06. до 14.06.2020 година во организација на фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Како општествено одговорна компанија, Бекамент обезбеди поддршка преку бронзено спонзорство во форма на донации на парични средства што ќе се користат за хуманитарни цели низ целиот регион, вклучувајќи ги и програмите на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ насочени кон ран развој и едукација на децата.
Како дел од пакетот за спонзорства, Бекамент имаше свој промо штанд во тениското село, кој беше отворен за сите љубители на белиот спорт, и каде посетителите имаа единствена можност да се запознаат со вредностите на компанијата и да добијат промотивни материјали и подароци.
Преку поддршката за оваа хуманитарна иницијатива, компанијата уште еднаш покажа колку ги почитува и поддржува децата, заедницата и општеството во целина.
Бекамент
Силата е во наши раце