Компанијата Бекамент го поддржа големиот хуманитарен настан на добротворната организација „BELHOSPICE“ која се занимава со палијативно згрижување на онколошки пациенти.
Настанот под име „Run and walk4BELhospice“ е дел од меѓународна кампања со која се одбележува Светскиот ден на хоспис (It’s „My Care, My Comfort”), чии клучни цели се подигнување на свеста за палијативно згрижување на пациенти и членови на нивните семејства, но и поттикнување на луѓето што повеќе да се активираат, секојдневно да се движат и да се посветат на поздрав начин на живот.
„Run and walk4BELhospice“ има натпреварувачки карактер, а учествуваат вработени од различни компании. Од сите учесници се очекува да трчаат или шетаат каде сакаат и кога сакаат, во период од еден месец, со што собираат километри кои се забележуваат на апликацијата PACER која претходно треба да ја инсталираат на своите телефони.
Со учеството во оваа хуманитарна акција, компанијата Бекамент му помага на BELhospice центарот да продолжи да им обезбедува бесплатна поддршка на пациентите заболени од рак.
Да бидеме солидарни, да се грижиме едни за други.