Компанијатa Banja Komerc Bekament, на 14.5.2014 година, ја отвори вратата на Bekament Tренинг центарот. Во модерно опремените простории, преку практичен и теоретски дел од наставата која ја води врвниот тим од технолози на компанијатa Bekament, на учесниците им се пренесуваат и демонстрираат техниките на нанесување и користење на производите на Bekament. Со оглед на широката палета на производите на Bekament, предавањата се исполнети со прашања и со разменување на искуства. Врз основа на анкетните листови кои ги пополнуваат учесниците, се развива дискусија, се сумираат впечатоците и се работи на отстранување на потенцијалните проблеми. На предавањата е присутен и тим од лабораторијата на Bekament кој е на располагање за сите прашања и сугестии.
За овие месец дена колку што трае обуката во Тренинг центарот, организирани се 17 предавања со преку 300 учесници, што е одличен показател на заинтересираноста за Bekament Тренинг центарот. Компанијатa Banja Komerc Bekament на учесниците кои ќе ја поминат обуката со добра оценка, им врачува Bekament сертификати.
Maло училиште за големи мајстори организира тренинзи за сите заинтересирани: изведувачи на завршни работи, трговци, инвеститори од Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.
Сите кои сакаат да бидат дел од Bekament Тренинг центарот треба да го пополнат формуларот на www.bekament.com и ќе бидат контактирани во најбрз рок.