Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2019 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2019 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2019 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2019 и планови за следната година

Дејан Чоловиќ, сопственик на компанијата Бања Комерц Бекамент

Како го оценувате работењето на Вашата компанија во 2019 година?

– Работењето на компанијата Бекамент се води од принципите на одржлив развој и се фокусира на постојани инвестиции во технолошки иновации и човечки ресурси. Препознавајќи ги и следејќи ги потребите на домашниот и странскиот пазар, последниве неколку години значително ги подобривме производствените капацитети. Oтворени се нови фабрички погони за производство на стиропор, прашкасти материјали и течна програма, најсовремени во овој дел на Европа. Производствениот капацитет на фабриката за стиропор изнесува 500.000 m3годишно, a капацитетот на производството на прашковидните материјали и течна програма зголемен е на 350.000 tгодишно. Инсталиран е најнапреден автоматизиран систем за складирање. Јасната визија и стратегија условија раст на приходите и во 2019 година, што е постигнато со подобрување на постоечките и пласирање на новите производи, пенетрација на пазарот и излез на нови.

Што би истакнале како важен момент во работењето на Вашата фирма?

– Дека е дигитализацијата неопходна, сфативме уште 2014 кога успешно имплементиравме Micosoft AX. Минатата година отидовме и чекор понатаму и ги воведовме сите клучни модули SAP ERP на деловниот систем кои ги стандардизираа процесите и дополнително го подигнаа нивото на ефикасност и продуктивност. Успешно е воведен и WMS систем за автоматско складирање, а во подготовката се и имплементации на DMS-Document Management System иTMS-Transport Management System.

– Поради зацврстување на брендот и зајакнување на репутацијата на компанијата, во 2019 направено е и репозиционирање кое подразбираше нова маркетинг стратегија и промена на визуелниот идентитет. Редефинирана е бренд архитектурата и направен е редизајн на амбалажата.

– Важен елемент во работењето на компанијата подразбираше и подобрување на организациската структура почнувајќи од највисокото ниво на менаџментот преку зајакнување на постоечките сектори и формирање на нови, што во перспектива ќе обезбеди уште подобри деловни резултати.

Какви се Вашите планови за следната година?

– Имајќи предвид дека во текот на 2019година се зајакнати темелите за стратегија на работење, а водејќи се и од макроекономските показатели, како и од растечките потреби на пазарот, веруваме дека пред нас се отвораат нови перспективи за понатамошни чекори во освојување на европскиот пазар.

– Се планира и отворање на нови производствени погони. Ќе има можности да се зборува и за таа тема.

Какви промени на пазарот очекувате во следните години и како треба да се подготват фирмите?

– Eкспанзијата на пазарот со недвижнини и градби е поголема од кога било до сега. Забележан е пораст на продажбата на недвижнини кој е за 12% поголем отколку во истиот период претходната година, со раст на цените од 10%. Во врска со тоа, постојаното прилагодување и флексибилното реагирање на пазарните трендови треба да претставува императив за дејствување со постојано подобрување на производите и квалитетот на односот во синџирот на работење. Фокусот треба да биде кон зголемување на задоволството и мотивацијата на вработените со обезбедување на пристап на нови знаења и креирање на шанси за професионален напредок.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.