Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2020 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2020 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2020 и планови за следната година

Новогодишно интервју: осврт на работењето во 2020 и планови за следната година

Дејан Чоловиќ, сопственик на компанијата Бања Комерц Бекамент

Како работевте во 2020 во услови на светската пандемија во однос на претходната година, на пазарот на Србија, а како преку извозот? (доколку можете да го изразите во процентиодносот на прометот во однос на минатата година)

И покрај пандемијата со глобални размери, нашата компанија успеа одлично да им се прилагоди на предизвиците, адекватно да реагира, брзо да се реорганизира, да ги одржи сите процеси на работа и храбро да продолжи по патот на понатамошен напредок и развој.

Се свртевме едни кон други, го зачувавме тимскиот дух, продолживме да работиме фокусирано и да бидеме солидарни. Се посветивме на развој на организациската структура и на Бекамент семејството, само во оваа година се зајакнавме со повеќе од 40 нови вработени.

Се потрудивме да бидеме потпирач и поддршка за сите наши локални партнери, а бидејќи добро со добро се враќа, оваа година ни донесе значителен раст како во смисол на прометот така и во смисол на зајакнување на силата на брендот.

Се гордеам со фактот дека сите стратешки активности и одлуки дефинирани со годишниот план, успеавме во целост да ги реализираме, па и да ги надминеме поставените стандарди.

Позитивниот тренд на работење продолжи на сите пазари на кои сме присутни. Во текот на оваа година со многу предизвици, бележиме пораст за повеќе од 10% на извозните пазари, a можеме да се пофалиме со резултатите кои подразбираат раст на прометот дури за 30% на пазарот во Србија.

Какви се Вашите очекувања во поглед на прометот во следната година?

Како што веќе напоменав, компанијата Бекамент успешно ја заокружи тековната деловна година и забележа значителен пораст на прометот во однос на претходната. Ги зацврстивме нашата пазарна позиција, како и препознатливоста на брендот на територија на целата екс -Ју, инвестиравме во нови технологии, дигитализација и човекови ресурси, но и активно дејствувавме во домен на општествено-одговорните иницијативи.

Taквиот пристап на работењето секако интерно не зајакна, но и придонесе за подигање на корпоративната репутација и кредибилитетот на компанијата. Отворен е простор во перспектива да настапуваме уште поенергично, поорганизирано и помотивирано.

Иако во овој момент е тешко со сигурност да се каже каков макроекономски амбиент не очекува следната година, за себе можам да кажам дека сум оптимист како во поглед на растот на прометот на нашата компанија, така и во поглед на работењето во рамките на целата градежна индустрија.

Какви Ви се плановите за следната година? Дали планирате лансирање на нови производи на пазарот, отворање на нови погони или други активности?

Не се откажуваме од амбициозните цели и планови кои си ги поставивме. Инвестирањето во различни сегменти на работењето и самиот Бекамент бренд се нешто на што постојано и интензивно работиме. Планираме да продолжиме да даваме врвен квалитет и да нудиме иновативни производи, да креираме нови решенија кои уште повеќе ќе придонесат за подобрување на нашето работење, но и да покажеме дека градежниот сектор во нашата земја оди во чекор со светските трендови.

И покрај фактот дека во изминатите неколку години имавме значителни инвестиции во новите фабрички погони, односно подигање на капацитетот и ефикасноста на производството, постојано работевме на подобрување на нивото на услуги во сегментите налогистичка и техничка поддршка, ја проширивме дистрибуцијата, инвестиравме во структурата на организацискиот систем и во нови кадри, со сигурност можам да кажам дека нема да застанеме тука.  Напротив, нашата визија е уште посмело да настапиме на пазароти во перспектива да заземеме позиција на лидер во регионот на Југоисточна Европа.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.