По соочувањето со предизвиците што со себе ги донесоа пандемијата COVID-19 и вонредната состојба, а кои компанијата Бекамент ги дочека организирано и тимски, основачите и сопствениците на компанијата Бекамент, им се обратија на своите вработени.
Пренесуваме дел од дописот:
„Иако сме соочени со специфични и отежнати околности на работа, покажавме дека можеме да сметаме едни на други, и како луѓе и како тим, дека вистинската сила ја носиме во себе, дека умееме да бидеме брзи и флексибилни, дека знаеме да се прилагодуваме и соодветно да се организираме.
Сакаме да ви се заблагодариме за посветеноста што ја покажавте и продолжувате да ја покажувате.
Денес со гордост истакнуваме дека сме свесни дека имаме тим со победнички дух, вистински луѓе и големи професионалци.“
На овој начин дополнително е нагласена важноста на заедништвото, храброста, посветеноста и солидарноста, односно сите оние вредности кои и го одредуваат делувањето на компанијата Бекамент.
Бекамент
Силата е во наши раце