Компанијатa Banja Komerc Bekament д.o.o. во средината на декември свечено ја отвори новата управна зграда во Аранѓеловац. Гости на свеченоста беа бројни дистрибутери од Србија и Странство за кои беше приреден коктел, како и свечена вечера во хотелот Извор во Аранѓеловац. Во оваа пригода, компанијата одбележа и важна годишница по повод 20 години работење и им се заблагодари на дистрибутерите на успешната соработка, со желба идната соработка да биде уште подобра.
Исто така, најавена е и изградба на нова фабрика за течен и прашкаст програм која ќе биде една од најсовремените фабрики на нашиве простори, па и пошироко. Новата фабрика за течен и прашкаст програм ќе биде изградена по европски стандарди, а процесот на изградба ќе биде заокружен со најсовремен магацин за готови производи, во кој староста на стоката нема да биде поголема од пет дена пред да им се испрати на корисниците.
Директорот на компанијата Дејан Чоловиќ во оваа пригода истакна дека задоволството на нашите купувачи се покажува во продажбата која од година во година бележи раст, како во Србија, така и во странство. За следната година како што најавува Чоловиќ, Bekament подготвува многубројни изненадувања за своите купувачи, како и за крајните корисници.
Убеден сум дека следната година ќе биде уште подобра од оваа, затоа што и после 20 години работа, се чувствувам како на почетокот. Следната година допрва очекувам експанзија на постоечките пазари, како и проширување на нови пазари.
заклучува Чоловиќ