Продолжена соработка на bekament и жрк bekament буковичка бања

Продолжена соработка на bekament и жрк bekament буковичка бања

Продолжена соработка на bekament и жрк bekament буковичка бања

Продолжена соработка на bekament и жрк bekament буковичка бања

Компанијата Banja Komerc Bekament и Женскиот ракометен клуб Bekament Буковичка бања ја продолжуваат соработката и во 2018 година.
По тој повод во Управната зграда на Bekament се одржа конференција за медиуми каде што поголемиот дел од сениорската екипа на суперлигашот од Аранѓеловац ги поздравија Дејан и Александар Чоловиќ, сопствениците на компанијата.

Покрај продолжението на соработката на овие два економски и спортски брендови, на конференцијата се зборуваше и за почетокот на новата ракометна сезона за суперлигашот од Аранѓеловац, a беше претставена и идејата за вклучување на ракометниот клуб во акцијата „Со срце за иднината“ во која се собираат средства за реконструкција на Општата болница во Аранѓеловац чиј основач и иницијатор е „Bekament фондацијата“.
Поголемиот дел од сениорската екипа и стручниот штаб му врачија пригодни подароци на домаќинот, две реплики на дресови од минатата сезона во кои ракометарките на Bekament го освоија трофејот наменет за победникот на Купот на Србија и вицешампионската титула, со најава дека девојките ќе се обидат и во следната сезона да го задржат нивото со добри резултати и игри.

Дејан Чоловиќ им посака добредојде на гостите, а на екипата ѝ го честиташе освоениот трофеј минатата година, истакнувајќи дека и покрај тоа што за жал стопанството нема посебен бенефит да инвестира во спортот, Bekament издвојува одредени финансиски средства за спорт затоа што спортот е нешто што го движи општеството во позитивна насока. Тимот кој го помагаме, во кој тренираат воглавно девојки од градот, а покрај нив и многу други млади лица во овој клуб и останатите клубови кои ги помагаме, своето слободно време не го поминуваат само пред екраните на компјутерите, таблетите и мобилните телефони туку и на спортските терени каде освен подобро здравје, некои идни генерации ќе стекнат и некои добри навики – вели Дејан Чоловиќ…
Aлександар Чоловиќ изрази надеж дека екипата ќе биде подобра на резултатски план во следната сезона, повикувајќи ги и останатите стопанственици во градот под Букуља, да се вклучат во финансирање на спортот. Тој исто така напомена дека Bekament освен ракометот, ја помага и работата на ФК Бања (Шумадиска реонска лига), од местото во кое работи компанијата, а учествува и во финансирањето на останатите спортски клубови во градот, со што децата „се тргаат од улиците“. Со спортувањето во клубовите, некои нови генерации, стекнуваат работни навики, кои подоцна многу ќе им значи во животот, кога ќе имаат нови задачи во заедницата.
Дел од денешната конференција за медиуми помина и во знакот на промоција на акцијата „Со срце за иднината“ на фондацијата Bekament, која заедно со стопанствениците од Аранѓеловац, Општина Аранѓеловац и сограѓаните собира финансиски средства за реконструкција на Општата болница во Аранѓеловац. До сега, воглавно стопанствениците и Општината, вели Дејан Чоловиќ, собраа околу 50 милиони динари што ќе биде доволно за новиот поликлинички дел, но во идниот период ќе се работи на идејата целата болница во целост да се реконструира, со што на жителите од овој и од околните градови ќе им се овозможи подобро и поквалитетно лекување и дијагностика за многу заболувања. Истакнато е дека одзивот на граѓаните, за жал е мал, и покрај тоа што се поделени 25.000 флаери кои имаа за цел да ги известат сограѓаните дека со испраќање на SMS во вредност од 100 динари на број 1678 можат да помогнат не само за себе туку и за идните поколенија.
По ова излагање на Дејан Чоловиќ, за збор се јави поранешната репрезентативка Сања Рајовиќ, која ја пренесе одлуката на играчите и тие заедно со својот стручен штаб да се вклучат во акцијата „Со срце за иднината“, така што сите заедно ќе се одрекнат од дел од паричната награда за освоениот Куп на Србија минатата сезона, и на сметката на која се собираат средства, во идните неколку дена ќе уплатат 50.000,00 динари, како мал придонес од екипата за акцијата која ја спроведува фондацијата Bekament.
Звонко Пауновиќ, прв тренер на сениорската екипа му се заблагодари на домаќинот за гостопримството и поддршката, и напомена дека со Општина Аранѓеловац и одредени компании од градот се вклучиле во помош на клубот, споменувајќи го брендот Aqua viva на компанијата Књаз Милош, превозникот Гавриловиќ Превоз, Фортуна Маркет и Слатко Срце, кои согласно своите можности ја помагаат работата на клубот, најавувајќи и некои нови пријатели во идниот период како брендот Моја Кафица од Крушевац за која се очекува дека ќе стане дел од семејството на ЖРК Bekament Буковичка Бања.
Пауновиќ рече дека екипата е подготвена за почетокот на сезоната кој стручниот штаб, играчите, управата на клубот и навивачите ги очекува веќе во петок од 19:00 часот, кога во Аранѓеловац доаѓа белградскиот Junior, еден од минатосезонските „должници“ на неговиот тим. Oдговорноста, вели Пауновиќ,  во следната сезона да се оствари добар резултат, не е условена само со квалитетот на девојките кои играат во клубот, со реномето и историјата на клубот, туку и со податокот дека Општината и компанијата каква што е Bekament, издвојуваат големи средства, а покрај тоа и фактот дека покрај 20-тата јубилејна натпреварувачка сезона во „Суперлига“, Bekament Буковичка Бања следната година одбележува и половина век постоење на женскиот ракомет во градот под Букуља.
На крајот на конференцијата за медиумите со пригодни фотографии на девојките и домаќините, беа претставени и новите клупски дресови на производителот на спортска облека од Ужице Aрду спорт, во кои Bekament Буковичка Бања ќе настапуваат во Супер Лигата и Купот на Србија.

  

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.