Компанијата Bekament оваа година учествуваше на саемот „Дом“ во Љубљана, заедно со дистрибутерот за словенечкиот пазар Spekter од Жалец. Oвој саем традиционално се организира секоја година и собира изложувачи од различни области: градежништво, столарија, монтажни куќи, опрема за куќи надвор и внатре, опрема за греење и ладење и сл.
Многу е посетен и почитуван од посетителите од Словенија и регионот.
Bekament го најде своето место заедно со реномираните брендови од областа на градежништвото. Посетителите можеа да се запознаат со портфолиото и да се информираат за квалитетот и достапноста на производите на Bekament во Словенија.