Грижата за здравјето е најважниот аспект на животот, затоа што со грижата за себе се грижите и за вашите најмили.
Во текот на претходните две недели, компанијата Бекамент организираше здравствени прегледи за своите вработени, со цел да се зачува и превенира нивното здравје.
Систематските прегледи вклучуваа лабораториски анализи, офталмолошки прегледи, ултразвучни прегледи по нивен избор, како и преглед од страна на општите лекари.
Со оваа иницијатива, Бекамент сака на овој начин да им нагласи на своите вработени колку се важни за компанијата и да им се заблагодари за посветеноста што ја покажуваат секој ден.