Зошто е важна топлинската изолација?

Зошто е важна топлинската изолација?

Зошто е важна топлинската изолација?

Зошто е важна топлинската изолација?

Човекот од дамнина градел станбени објекти од различни материјали, првенствено поради заштита од природни непогоди. Со текот на времето, тој започнал да ја прилагодува изградбата на објектите според своите специфични барања за да ја задоволи и потребата за удобност.

Во потрага по решение, истовремено грижејќи се за природата, Bekament разви BEKATHERM фасадни системи кои обезбедуваат долготрајна и сигурна заштита на деловни и станбени објекти од атмосферски влијанија, но и неопходна удобност и топлина кои куќата ја претвараат во дом.

Системот за топлинска изолација е еден од најважните елементи на секој дом затоа што го заштитува од временски влијанија како што се врнежите, ветерот, мразот, топлината и другите влијанија на средината и го дава посакуваниот естетски изглед.

Преку фасадата, во отсуство на топлинска изолација, една просечна куќа од едно семејство губи дури 30% eнергија потребна за греење, а кај станбените згради тој процент може да биде и значително поголем.

Улогата на надворешниот ѕид како елемент на обвивка на објектот е да го заштити од прекумерно затоплување, губење на топлина, атмосферски влијанија, како и да има добри акумулативни способности за да може во внатрешноста на објектот да се обезбеди топлински но и звучен комфорт со цел да се намали потрошувачката на енергенти.

Енергетската ефикасност повеќе не е прашање на личен избор. Законодавството предвидува секој објект да добие „енергетски пасош“, сертификат за енергетските својства на зградите. Без овој сертификат ниту еден новоизграден објект нема да може да добие употребна дозвола. Главната цел е потрошувачката на енергија да се сведе на минимум, а при тоа да се задржи, па дури и да се зголеми нивото на удобност.

Кога зборуваме за згради или куќи кои се енергетски ефикасни, зборуваме за згради кои подразбираат поголема заштеда на енергија за задоволување на животните потреби. Tука, пред се, мислиме на одржување на пријатна температура, осветлување и други услови неопходни за престој и работа на луѓето во затворениот простор.

Во зградата која е топлински добро изолирана потрошувачката на енергија за греење (во зима) и ладење (во лето) е забележително помала, a престојот во неа е попријатен.

Eнергетски ефикасната зграда ја чува енергијата, нејзиниот животен век е значително подолг, а не треба да се занемари и директното позитивно влијание на заштитата на животната средина.

Без оглед на тоа дали се работи за ѕидање на нова куќа или зграда, или за решавање на проблем со енергетска ефикасност на стара семејна куќа или станбена зграда, првиот чекор е избор на вистинско решение за актуелниот проект. При изборот на материјали, покрај цената, неопходно е да се води сметка за квалитетот и составот на материјалот кој се користи.

BEKATHERM фасадните системи за топлинска изолација се карактеризираат со врвен квалитет кој го потврдуваат резултатите од контролните тестирања во овластените установи како во Србија, така и во странство, како и сертификатот за ETA стандард (Eвропска техничка оценка).

Eкономичен и проверен, BEKATHERM Standard со плочи од експандиран полистирен (EPS) oбезбедува трајна енергетска ефикасност на објектот со заштеда на енергија до 40% и гаранција до 25 години. Покрај Standard системите компанијата Bekament во понудата ги има и системите BEKATHERM Plus и BEKATHERM Prestige.

image

BEKATHERM Standard со плочи од експандиран полистирен (EPS) oбезбедува трајна енергетска ефикасност на објектот со заштеда на енергијата до 40% и гаранција до 25 години.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.