Oд самиот почеток, луѓето кои ја прават компанијата Bekament сметаат дека успехот е поголем доколку се дели.
Во 2017 година основана е Bekament Фондацијатa чие работење е насочено на хумани и етички димензии на општествената одговорност. Со визијата Bekament Фондацијата како примарна дејност има санација на куќи и објекти од важност за локалната заедница, но вклучена е и во многу други хуманитарни активности сесрдно поддржувајќи донации и добродетелства.
Целта на Bekament Фондацијата е да ги здружи јавниот и приватниот сектор, да ги собере компаниите, организациите и поединците, и да создаде опкружување кое ќе стимулира и инспирира поддршка за вложување за општо добро на општеството во целина. Bekament Фондацијата работи во областите од стратешки и развоен општествен интерес, а подразбира инвестирање во унапредувањето на здравството, науката, културата, уметноста, спортот итн.
КОНТАКT:
fondacija@bekament.com