За компанијата

За компанијата

Компанијата Bekament е една од технолошки најнапредните компании за производство на материјали за завршни работи во градежништвото, која успешно работи на пазарите во Србија и регионот повеќе од 3 децении.

СИЛA (ОД) КАМЕН

Недалеку од Аранѓеловац, на падините на планината Венчац, од каде повеќе од 100 години се вади камен познат низ целиот свет, се наоѓа компанијата Bekament, една од технолошки најсовремените компании во регионот со комплетно заокружен процес на производство – од суровина до финален производ.

Teмелите на основањето се поставени 1992 година со основањето на семејната фирма „Banja Komerc“ која се занимавала со преработка на мелени материјали. Само три години подоцна, 1995 година отворен е првиот каменолом кој станува извор на суровините за производство на готови производи, кое е почнато во 1999 година. Патот до успехот започна со мали чекори со 4 вработени и 2 производи. Отворањето на каменоломот беше првиот голем успех на компанијата од кој започна сè. Потоа следеа години на постојано вложување и работа, проширување на производството и асортиманот, инвестирање во иновации, а со самото тоа и освојување на нови пазари.

Од 2002 година компанијата работи под името „Banja Komerc Bekament“. Денес, компанијата работи со 5 каменоломи и 8 погони кои зафаќаат 25 хектари и може да се пофали со широк асортиман од над 250 артикли.

Комплетното производствено портфолио на пазарите се пласира под трговската марка BEKAMENT.

Семејството Bekament го сочинуваат повеќе од 500 вработени кои со својата посветена работа со години ги подобруваат стандардите на професијата и и овозможуваат на компанијата да пласира производи со највисок квалитет.

Tим од искусни професионалци и врвни експерти одговорно се грижи за сите процеси на работа на компанијата.

Во современата лабораторија и контрола на квалитет технолозите активно работат на подобрување на технолошките процеси и на следењето на барањата на пазарот, а тоа на компанијата ѝ донесе голем број на светски признати сертификати (ETA, ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001)

Портфолиото на компанијата Bekament составено е од материјали за завршни работи во градежништвото меѓу кои се и производи за надворешни и внатрешни ѕидови, изолација, хидроизолација и керамика, декоративни материјали, производи за дрво и метал, потоа производи за заптивање и лепење, рачно и машинско малтерисување, како и производи за специјални намени.

Благодарение на добро организираната мрежа од повеќе од 1200 партнери и дистрибутери, широкиот асортиман производи достапен им е на крајните корисници на повеќе од 10 пазари на Европската унија и регионот.

Со постојаните иновации, посветеноста на работата и долгорочното планирање, компанијата се движи кон позицијата лидер во регионот на Југоисточна Европа. Верувајќи во силата што ја носи во себе, Bekament денес го создава подоброто утре.

СИЛАТА Е ВО НАШИ РАЦЕ

СИЛАТА Е ВО НАШИ РАЦЕ

ЗАОКРУЖЕН
ПРОЦЕС НА ПРОИЗВОДСТВО

Заокружениот процес на производство кој го поседува компанијата почнува од вадењето на познатиот камен од сопствените каменоломи на Венчац, преку преработката на истиот со мелење во гранулати и микронизирани полнила, до производство на течни и прашкасти материјали за завршни работи во градежништвото.

ИНВЕСТИРАЊЕ ВО РАЗВОЈОТ

Bekament смело оди во чекор со технолошките и со пазарните предизвици, постојано поместувајќи ги границите во областа на своето работење. Во согласност со тоа, во изминативе три години компанијата со отворањето на новите фабрички погони за производство на стиропор, прашкасти материјали и течни материјали го зголеми капацитетот на производство на 350.000 t готови производи годишно, а инсталиран е и најнапредниот автоматизиран систем за складирање во регионот.

НАША МИСИЈА

Со силата на нашите раце како семејство, работиме, траеме, се грижиме, ги подобруваме и создаваме материјалите за завршни работи во градежништвото.

НАША ВИЗИJA

Со постојаните иновации, посветеноста на работењето и долгорочното планирање, ние се стремиме да станеме лидер во регионот на Југоисточна Европа да создаваме / креираме решенија и да изградиме подобар свет.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

Основните вредности на компанијата Bekament и дел од нејзиниот корпоративен идентитет се општествено одговорното и одржливо работење, како и придонесот за развој на општиот стандард на граѓаните, кои означуваат императив дека се работи правилно на сите нивоа - од односот со сите заинтересирани страни до почитувањето на работните етички вредности и закони.

Компанијата Bekament го охрабрува развојот на заедница во која работи во областа на здравјето, културата, спортот, заштитата на животната средина и одржливиот развој. Акцентот е ставен на постојаната поддршка и долгорочната соработка.

Oдговорноста за напредокот на заедницата во која работи и општеството во целина, вградена е во темелите на корпоративната култура, со што компанијата гради имиџ и репутација на една од општествено најодговорните компании на територијата на Република Србија, а тоа го потврдуваат и двете VIRTUS награди кои компанијата ги прими во 2012 и 2014 г. за своите проекти, како и VIRTUS признание за општествено одговорна работа во 2018 година.


We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.