Bekatherm EPS 30

EPS плочи од експандиран полистирен

Bekatherm EPS 30

ПРИМЕНА

Bekatherm EPS 30 е термоизолациона плоча изработена од експандиран полистирен без додавање на какви било примеси во постапката на производство во согласност со SRPS EN 13163. Наоѓа примена во градежништвото за термоизолација во областите каде има ниски термоизолациони барања и нисни барања за механички карактеристики. Најдобра примена има како исполна во преградните ѕидови каде постои делумно барање за звучна изолација. Се користи во согласност со декларираните термички и механички карактеристики.

ВГРАДУВАЊЕ

Во зависност од намената на користењето и местото во конструкцијата, термоизолационите плочи се вградуваат со лепење, механичко прицврстување или со слободно поставување. При лепењето потребно е да се користат лепила од групата наменета за лепење на EPS плочи како што се BK EPS Kleber Gun, BK-StirolFix Base, BK-StirolFix WDVS, BK-StirolFix 1 или BK-StirolFix Special, во зависност од карактеристиките на подлогата и условите на експлоатација на објектот. Доколку прицврстувањето се врши механички, неопходна е употреба на средства за прицврстување (посебни завртки, типли …) произведени за таа намена. Производот без оглед на изборот на техника на вградување, се вградува согласно општо признатите правила и техники.

ДИМЕНЗИИ НА ПЛОЧАТА

1000 x 500 mm, дебелина 20 – 200 mm. По специјално барање на клиентот, можно е да се направат плочи од други димензии.

ПАКУВАЊE

Пакет обвиткан со непроѕирна PE фолија со волумен 0,17 – 0,25 m3 ( во зависност од дебелината на спакуваните плочи).

СКЛАДИРАЊЕ

Да се складира во покриени простори, подалеку од извори на топлина и пламен. Да не се изложува на УВ зраци. Да се спречи контакт со некомпатибилни хемикалии и материјали (органски растворувачи, нафта и сл.).