Bekatherm EPS Gold

EPS плочи од експандиран полистирен

Bekatherm EPS Gold

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се m2 од овој производ

ПРИМЕНА

Bekatherm EPS GOLD е фасадна термоиозолациона плоча со подобрени перформанси во однос на стандардните фасадни термоизолациски плочи. Се карактеризира со пониска топлинска спорводливост и зголемена механичка цврстина. Bekatherm EPS GOLD се плочи изработени од експандиран полистирен без додавање на какви било примеси во постапката на производство во согласност со SRPS EN 13163. Наменета е за вградување во контактни термоизолациони фасадни системи (ETICS). Bekatherm EPS GOLD е термоизолационен слој во Bekathetm Standard термоизолацискиот фасаден систем. Во зависност од механичките, безбедносни и термички барања може да се користи како термоизолациски слој во сенвич панели, сендвич ѕидови, за термоизолација на внатрешни ѕидови, плафони и покриви.

ВГРАДУВАЊЕ

Производот се вградува во согласност со упатствата за вградување на контактен термоизолационен фасаден систем (ETICS), како и согласно општите правила за изведување на термоизолациони работи во градежништвото.

ДИМЕНЗИИ НА ПЛОЧАТА

1000 x 500 mm, дебелина 20 – 200 mm. По специјално барање на клиентот, можно е да се направат плочи од други димензии.

ПАКУВАЊE

Пакет обвиткан со непроѕирна PE фолија со волумен 0,17 – 0,25 m3 ( во зависност од дебелината на спакуваните плочи).

СКЛАДИРАЊЕ

Да се складира во покриени простори, подалеку од извори на топлина и пламен. Да не се изложува на УВ зраци. Да се спречи контакт со некомпатибилни хемикалии и материјали (органски растворувачи, нафта и сл.).