BK-Banjalit
Племенит минерален малтер -'Дабова кора".

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Племенит минерален тенкослоен малтер на варово – цементна основа, наменет за сите видови фино израмнети подлоги од варово – цементни и цементни малтери, за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со структура во вид на резба, слично на кора од даб.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Пред нанесување на малтерот потребно е површината да се премачка со подлогата BK-Grund Universal. Во случај на високо абсорбирачки подлоги, се препорачува нанесување на BK-Nivelator, додека во случај на слаби и трошни подлоги потребно е на површината да се нанесе BK-Penetrat пред нанесувањето на малтерот. Малтерот се подготвува со интензивно мешање на правта со додавање околу 24-26% вода ( 25kg прав во околу 6-6,5l вода), сé додека не се добие хомогена смеса, а потоа смесата се остава да одстои мин. 10 мин. и потоа пак се меша. Малтерот се нанесува со челична глетарка, а финалната обработка вообичаено се прави со гребење на површината со парче стиропор. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.
ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
Од: +5°C do +30°C. Да не се работи под директно влијаније на сончевите зраци, на дожд ниту за време на силен ветер.
ПОТРОШУВАЧКА
околу 2,7-3,3 kg/m².
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
12 месеци во оригинална амбалажа во сува просторија, подигнат на палети.
ПАКУВАЊЕ
25 kg.