Компанијата Bekament ѝ се приклучи како донатор на хуманитарната акција „Пушти чекор“ која ја организира Националното здружение на родители на деца заболени од рак (НУРДОР), a со цел собирање на средства за изградба на родителска куќа во Белград.
Организацијата на оваа важна дипломатска посета вклучуваше состанок за запознавање и обиколка на фабричкиот комплекс.
НУРДОР постои од 2003 година, и до сега преку резултатите од својата работа значително го унапреди секторот на педијатриската онкологија во Србија. Здружението денес има повеќе од 1.000 волонтери во цела Србија и зад себе има огромен број на успешни проекти.
НУРДОР во моментов води пет родителски куќи во Белград, Ниш и Нови Сад.
Родителските куќи наменети се за сместување и грижа за семејствата чии деца се лекуваат во овие градови, а доаѓаат од другите делови на Србија и притоа немаат можност да обезбедат адекватно сместување.
Родителската куќа овозможува чувство на дом и прави болеста на детето да не му го одземе детството, а на родителите достоинството.
Aпликацијата „Пушти чекор“ на која се заснова овој хуманитарен проект, ги мери чекорите и ги конвертира во динари, општествено-одговорните компании од Србија „ги откупуваат чекорите“ и своите средства им ги донираат на НУРДОР за изградба на родителска куќа во Белград.
Секој поединец може да ѝ се придружи на кампањата, да го следи нејзиниот тек и да даде свој придонес со преземање на мобилната апликација „Пушти чекор“ нa Google Play Store/App Store.
Како општествено-одговорна компанија, Bekament ги поддржува хуманите иницијативи наменети за подобрување на квалитетот на животот, а пред се оние насочени на грижа за луѓето и општеството во целост.