Во изградбата на овие производни погони, кои се меѓу најмодерните во Европа, вложени се преку осум милиони евра. Оваа инвестиција ќе овозможи производниот капацитет тројно да се зголеми, и во фабриката годишно ќе се произведуваат до 350.000 тони градежен материјал. Новите погони на фабриката се комплетно автоматизирани, почнувајќи од процесот на производство и пакување, па се до складирање на материјалите во магацинскиот простор.
Со покренување на новите погони и со автоматизација на магацините, компанијата Bekament ќе биде во можност да произведе дури 100 тони прашкасти и 70 тони течни производи на час. Проширените производствени капацитети ќе ѝ овозможат на компанијата Bekament да ги задоволи сите потреби на домашниот и на извозните пазари, додека со автоматизираниот магацин ќе се постават нови стандарди кога се работи за брзината и квалитетот на испорака на материјали на купувачите.
„Ова е голем ден за компанијата Bekament. Зад нас се 25 години успешно работење во текот на кои ги поставивме темелите за идниот развој. Резултат на тоа е нашата лидерска позиција во сегментот производство на материјали за завршни работи. Благодарение на посветеноста на сите вработени во компанијата, успеавме да реализираме се што планиравме до сега и од година во година продолжуваме со трендот на раст во секој сегмент од работењето”, рече на отворањето господинот Александар Чоловиќ, генерален директор на компанијата Bekament.