ДЕЛОВНАТА МОЌ РАСТЕ СО РАСТОТ НА ДОВЕРБАТА

ДЕЛОВНАТА МОЌ РАСТЕ СО РАСТОТ НА ДОВЕРБАТА

ДЕЛОВНАТА МОЌ РАСТЕ СО РАСТОТ НА ДОВЕРБАТА

ДЕЛОВНАТА МОЌ РАСТЕ СО РАСТОТ НА ДОВЕРБАТА

Без оглед на напредната технологија што ја користиме, секогаш треба да се осврнеме на основните маркетинг и комуникациски постулати.  

Во интервјуто за списанието Diplomacy&Commerce, Бојана Рудовиќ, директорка нa маркетинг секторот на компанијата Bekament, зборува за важноста на маркетингот и создавањето на позитивните општествени промени кои доведуваат до успешно работење на компанијата.

Од аспект на Вашата долгогодишна кариера, како би го дефинирале успехот на една компанија?

Исклучително динамичниот и презаситен пазар, нестабилната макроекономска клима, како и се поголемата освестеност кога се работи за социјално-политичките прашања, на компаниите им наметнуваат одговорна задача да се посветат на разбирањето на се посложените потреби и исполнувањето на високите очекувања на јавноста, но со паралелно зголемување на профитабилноста.

Успехот на компаниите повеќе не се мери само со пазарните показатели туку и со нивото на свесност за сопствената одговорност, односно влијанието кое го има во создавање на позитивните општествени промени.

Успешна компанија покажува повисока форма на посветеност, јасно го изразува својот став и покажува дека се грижи. Како таква, таа е свесна за сопствената еволуција и деловната моќ, која расте со растот на довербата. Со посветеност на транспарентноста и доследност во своето работење, исполнување на дадениот збор и промислена комуникација, компанијата гради стабилна платформа за иден одржлив раст.

Според Вас што е најважно при создавање на маркетинг стратегија?

Без оглед на нивото на комплексност и специфичност на индустријата во која работи една компанија, кон креирањето на маркетинг стратегијата секогаш треба да се пристапи стратешки и методски за да се согледа реалниот пазарен потенцијал, а потоа на иновативен начин да се создаде силно јадро, односно производ/услуга со капацитет да зборува сам/а за себе. 

Значи, пред да инвестирате, неопходно е да се разбере сложеноста на креирањето бизнис и да се стави маркетингот на почетна позиција во самата поставеност на бизнис моделот, да се разбере како инвестиција за долгорочен раст и развој на компанијата/брендот.

Доколку постои таква цврста основа, се создава плодна почва за диференцијација на пазарот.

Meѓутоа, ни најквалитетниот производ, ниту пак најдобрата услуга не се доволни доколку јавноста не е на вистинскиот начин запознаена со истите, односно доколку не е развојно насочена, автентична, интегрирана комуникација во чија есенција е вткаена емоцијата.

„Иднината на маркетингот секогаш била и ќе биде во следењето на промените и во задоволувањето на човековите потреби.“

Колку влијаеше технолошкиот напредок на маркетинг комуникацијата?

Последните две децении се обележани со глобализацијата на светската економија и брзиот развој на информациско-комуникациските технологии. Овој тренд доведе до дизајнирање на новите маркетинг стратегии и практики каде се вложува премногу внимание и труд за тоа како да се прилагодат на напредните дигитални платформи, а премалку се фокусира на суштината, односно на целта на комуникацијата.

Комуникацијата стана технолошки супериорна, но празна по содржина и без емоции бидејќи го занемарува контекстот на човековите потреби. Се заборава дека основните мотиви и двигатели на однесувањето не се менуваат со тој интензитет како човечка (технолошка и медиумска) средина.

Затоа, без оглед на напредната технологија што ја користиме, секогаш треба да ги гледаме основните маркетинг и комуникациски постулати. Иднината на маркетингот отсекогаш била и ќе биде во следењето на промените и во задоволувањето на човековите потреби.

Компаниите кои и покрај интензивната и брза технолошка р(еволуција) , остануваат на стратешки промислениот пат со фокус на хуманост, кои се насочуваат на препознавање на вистинските вредности од реалните животни приказни, на човековите вредности, емоции и лични мотиви, на комуникацијата која ја согледува суштината на човековото суштество, ќе успеат и да го одржат успехот на пазарот, да изградат репутација и да остават трага со цел.

Според Вашето мислење, кој маркетинг тренд дојде до израз во последниов период?

Гледајќи го периодот на работење во Србија, а особено во последните две, во многу нешта специфични, години, би рекла дека имавме можност да научиме многу, особено кога станува збор за деловната комуникација и односот со соработниците.

Различната организација на работа, како и проширувањето на онлајн платформите, придонесоа за развој на нови комуникациски тактики кои во прв план ја истакнуваат персонализацијата, односно им овозможуваат ново, порелевантно, лично искуство на корисниците на производи или услуги. Стратешки ориентираните компании го препознаа овој маркетинг тренд и ја прилагодија комуникацијата на интересите и потребите и на надворешната и на внатрешната целна публика, давајќи им чувство на сигурност, почит и ценење.

Посебно внимание е посветено на воведување на деловниот модел B2E (Business to Employee) кој во прв план го поставува односот на компанијата и вработените, а тоа, секако, е еден од круцијално важните елементи за успешно работење.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.