Компанијата Bekament доби награда за корпоративна филантропија во категоријата НАГРАДА ЗА МАЛО И СРЕДНО ПРЕТПРИЈАТИЕ.
На церемонијата на доделувањето на награди присуствуваа бројни гости, меѓу кои и Мери Брус Ворлик – амбасадорка на САД во Србија, Божидар Ѓелиќ – потпретседател на Владата на Република Србија, Снежана Лакиќевиќ, државна секретарка во Министерството за труд и социјални прашања, Вилијам Инфанте, постојан координатор во ОН во Србија и Радован Јелашиќ, поранешен гувернер на Народна банка на Србија.