Со големо задоволство ве известуваме дека на 1 јуни 2016 година, почна да работи нашиот нов дистрибутивен центар во Ниш, на адреса Косовска бр. 12 – кај Машинска индустрија.
Дистрибутивниот центар на Bekament овозможува комплетна логистика во вид на разнесување на стоката на територија на Ниш и околината, известувања за акции и за нови производи, консултирање околу материјали, советување и се друго, а се со цел добра и стабилна соработка во иднина. Работното време на дистрибутивниот центар е секој работен ден и сабота од 07-15 ч. Особено сме горди на можноста да тренираме мајстори во нашиот центар за обука. Banja Komerc Bekament секојдневно вложува во растот и развојот на компанијата и вработените, а отворањето на дистрибутивниот центар во Ниш е само почеток на новитетите кои оваа година ги подготвува нашата компанија.