НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ: ИНОВАЦИИ И СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ ГИ ОДЛИКУВААТ ЛИДЕРИТЕ

НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ: ИНОВАЦИИ И СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ ГИ ОДЛИКУВААТ ЛИДЕРИТЕ

НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ: ИНОВАЦИИ И СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ ГИ ОДЛИКУВААТ ЛИДЕРИТЕ

НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ: ИНОВАЦИИ И СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ ГИ ОДЛИКУВААТ ЛИДЕРИТЕ

ДЕЈАН ЧОЛОВИЌ

Сопственик и генерален директор на компанијата Bekament

1. Како би ја опишале деловната 2023 година на Bekament? Кои се клучните настани, предизвици и успеси во изминатиот период?

Кога ќе погледнам наназад на постигнатите деловни резултати во 2023 година, со задоволство можам да кажам дека тие најдобро ја отсликуваат синергијата на инвестиции и организации кои го поддржуваат натамошниот забрзан раст на компанијата Bekament.

Иако 2023 година беше доста предизвикувачка поради глобалната економска и политичка нестабилност, промените во регулативата и конкуренцијата, компанијата Bekament покажа што значи да се биде лидер. Нашата посветеност, но и способноста да се прилагодиме на секој момент и да дејствуваме стратешки, ја претставуваат нашата најголема вредност, која ни овозможува да останеме конкурентни, да ја зачуваме позицијата на пазарот и да постигнеме раст.

Некои од клучните показатели за деловниот успех во изминатиот период беа стратешката ориентација кон иновации и подобрување на палетата производи на Bekament, што резултираше со добивање на престижни сертификати за квалитет, потоа лансирање на единствена програма за лојалност во Србија и регионот, која беше еден од поголемите проекти на компанијата каде дополнително се наградува довербата и задоволството на нашите деловни партнери и изведувачи. Слободно можам да кажам дека механизмот на програмата на српскиот пазар е нешто сосема иновативно и различно, што корисниците го препознаа, а успехот на новата програма за лојалност во првата година ги надмина сите наши очекувања.

Исто така, отворањето на нови пазари во ЕУ ни овозможи да го зголемиме нашето глобално присуство и да оствариме поголем профит. Ова проширување е резултат на највисоките стандарди за квалитет, релевантноста на производите на Bekament но и довербата што ја изградивме кај сите наши стејкхолдери.

Еден од важните фокуси на компанијата од нејзиното основање е континуираното инвестирање во вработените и нивната обука. Денес, компанијата има над 500 вработени кои сочинуваат тим од врвни експерти - секој во своето поле на работа. Оваа година голем акцент ставивме на зајакнување на организациската структура на компанијата. Направивме многу успешна реорганизација во тимовите, овозможивме напредување на одредени кадри и го зајакнавме топ менаџментот под чие раководство подобривме многу работни процеси и постигнавме позитивни резултати кои, сигурен сум, ќе бидат уште подобри во 2024 година!

На патот кон успехот кој опфаќа повеќе од 3 децении, во овој момент со гордост можам да кажам дека компанијата Bekament стана синоним за професионалност, врвен квалитет и доверливост. Мора да ја искористиме дадената корпоративна предност, но и да ја одржуваме - секогаш да бидеме чекор понапред од сите.

2. Како ги насочивте вашите инвестиции во изминатата година? Дали има некои посебни проекти или области кои биле предмет на инвестирање и како очекувате тие да придонесат за долгорочен развој на компанијата?

Еден од основните постулати на деловното работење на компанијата Bekament е управувањето со инвестиции кои се водат од податоци, длабински анализи и познавања на секој пазар, а се спроведуваат преку долгорочен, стратешки план насочен кон понатамошен раст и развој.

Инвестициите секогаш ги гледам како клучен фактор за одржување на конкурентската предност. Посветеноста на овој деловен сегмент се рефлектира во континуирано инвестирање во истражување и развој на нови категории на производи, како и понатамошна модернизација на производните капацитети со цел подобрување на процесите и проширување на производните капацитети.

И во изминатата година Bekament продолжи да насочува инвестиции во неколку клучни области и проекти кои ги сметаме за приоритет за долгорочниот развој на компанијата, но сепак се е во доменот на деловните тајни, па не би открил ништо предвреме ќе има можност да се разговара на дадената тема.

3. Како е позициониран Bekament на домашниот пазар во однос на конкуренцијата? Како компанијата пристапува кон интернационализација и кои се целите во однос на глобалното присуство?

Bekament долги години се позиционира на домашниот пазар како еден од лидерите во производството на материјали за завршни работи во градежништвото. Конкуренцијата во оваа гранка од индустријата е доста силна, но успеавме да се истакнеме преку јасна визија, силна амбиција и долгогодишна посветена работа на таков начин што денес сме препознаени како кредибилна, доверлива и професионална компанија, која вклучува 5 каменоломи, 8 погони и широк асортиман со повеќе од 250 производи.

Кога станува збор за интернационализација, Bekament има јасна цел да стане признат и препознатлив бренд на глобално ниво. Нашата стратегија вклучува проширување на нашето присуство на странските пазари преку воспоставување партнерски односи со дистрибутерите и отворање на нови продажни канали. Исто така, континуирано работиме на сертификација на нашите производи во согласност со специфичните барања на пазарот на ЕУ, а со цел да обезбедиме соодветна услуга и маркетинг на широк спектар на производи на Bekament...

Сметаме дека сите предизвици со кои се соочуваме, без разлика дали на домашен или на странски пазар, претставуваат и потенцијални можности за понатамошен раст и успех. Нашата стратегија е уште похрабро да влеземе на нови пазари и во иднина да ја заземеме позицијата на лидер во регионот на Југоисточна Европа.

4. Кои се очекувањата на Bekament за следната деловна година?

Во секоја нова година влегуваме со поамбициозни планови за да продолжи трендот на раст на Bekament.

Очигледно е дека во 2024 година нè очекуваат уште поголеми предизвици, кои со себе носат одредени ризици предизвикани од макроекономските, политичките и пазарните движења.

Континуираното следење на трендот на надворешните фактори, навремените стратешки одлуки и задржувањето на квалитетен кадар се предуслови за постигнување умерен, здрав раст и во наредните години.

Компанијата Bekament ќе продолжи да инвестира во производствено портфолио, нови капацитети и човечки ресурси, со цел создавање нова перспектива за успешно управување со бизнисот што ќе доведе до реализација на планираниот двоцифрен финансиски раст.

Извор: BIZlife

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.