Компанијата Bekament, како еден од спонзорите и донаторите, присуствуваше на „BELhospice„ добротворниот бал под името „Вечер на доделување на Оскари„ кој се одржа на 30 ноември во хотелот Hyatt Regency во Белград.
На овогодинешниот бал, а со поддршка од преку 340 претставници на корпоративниот сектор, дипломатскиот кор, претставници од културата, уметноста и спортот, беа собрани вкупно 131.000 EUR.
Oвие средства во голема мерка ќе му овозможат на тимот на BELhospice да продолжи да дава бесплатни услуги на онколошките пациенти во домашни услови и на првиот Hospis Дневен центар како и на членовите на нивните семејства полесно да ја надминат тешката ситуација низ која минуваат.
За повеќе информации можете да го посетите вебсајтот на BelHospice BELhospice dobrotvorni bal “Veče dodele Oskara”
Или Facebook страницата на Belhospice BELhospice Facebook