BK-Mal 520

Цементен малтер за внатрешни и надворешни ѕидови

BK-Mal 520

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

Применa

Цементен малтер наменет за машинско и рачно обложување на надворешни и внатрешни ѕидови од тули, блок, гас-бетон, бетон, бетонски плочи и сл. Производот се карактеризира со висока механичка цврстина и добра адхезија на подлогата, овој вид на малтер е особено погоден за простори каде е зголемена влажноста, мокри јазли, подрумски простории, бањи и кујни.


Подготовка и нанесување

Подлогата на која се нанесува малтерот мора да биде цврста, чиста и сува, без слабо врзани делови и масни дамки. Затворањето на дупки, фуги, електрични отвори треба да се заврши пред почетокот на малтерисувањето. Кај ѕидовите кои се изградени од гитер блок и тули, како и во случај на значителни нерамнини на површината, потребно е претходно да се нанесе разреден малтер (со шприц). Во случај на малтерисување на бетонски и други мазни површини потребно е на подлогата да се нанесе BK-Beton Kontakt со цел подобрување на адхезија на малтерот. Во случај на високо апсорбирачки, порозни подлоги (гас-бетонски блокови) потребно е на подлогата да се нанесе BK-Nivelator за да се спречи нерамномерно сушење и пукање на малтерот. Подготовката на малтерот се врши со интензивно мешање на правот со околу 21-23% вода (oколу 6.5-7l вода нa 30kg прав). Maлтерот да се нанесува машински гасеничарски во дебелина од најмалку 10 mm. Во случај на потреба за поголема дебелина, потребно е малтерот постојано да се нанесува по принципот свежо на свежо до максимална вкупна дебелина од 30 mm.
По некое време, во зависност од условите на местото за вградување (обично неколку часа), се пристапува кон завршна обработка на малтерот со адекватен алат (стругалка, пирана, и сл.), по што површината останува груба. Финалниот изглед се добива со пердашење, така што површината се навлажнува со вода и се пердаши со сунѓереста хобла, со што се добива фин конечен изглед. 
 Maлтерот мора рамномерно да се стврднува. Директното загревање не е препорачливо. За детални упатства видете го техничкиот лист на производот. 


Потрошувачкa

Oколу 14-15 kg/m2/cm дебелина. 


Рок на траење и складирање

12 месеци во оригинално пакување во сува просторија на палети. Датумот на производство е втиснат на амбалажата. 

ПАКУВАЊE

30 kg