BK-MICROFAS SILICAT
Силикатна дисперзија со микровлакна за надворешни ѕидови

Калкулатор на потрошувачка
ПРИМЕНА
Силикатна дисперзија со микровлакна за заштита и декорација на надворешни и внатрешни ѕидни површини. Поради својата висока паропропусност, погодна е за реновирање на стари фасади и споменици на културата. Изработена е на база на високо квалитетни силикатни врзувачи и адитиви ,поседува одлична покривна моќ, отпорна е на УВ зрачење и атмосферски влијанија. Овој производ добро ги премостува и пополнува тенките пукнатини на малтерот (max. 0,5 mm) и на тој начин ги спречува понатамошните пукнатини или видливи потези на завршните површини.
ПРИПРЕМА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата на која се нанесува дисперзијата мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Silicat подлога. BK-MicroFas Silicat обично се нанесува со долг ваљак, во два слоја со вкрстена постапка. Припремата на бојата се врши со додавање на 5-10% вода (0,25-0,5 l вода за пакување од 5 kg, 0,4-0,8 l вода за пакување од 8 kg, 1,25-2,5 l вода за пакување од 25 kg) со добро мешање до целосна хомогенизација. Вториот слој се нанесува откако целосно ќе се исуши првиот слој, за што при нормални услови (T=+23-25 ºC, релативна влажност на воздухот =50-60 %) потребни се 4-6 ч. Потребно е да се работи рамномерно и без прекин на континуални површини со „полн ваљак“ за да се избегне групирање на полнилото на едно место. При нанесувањето неопходна е употреба на заштитни завеси. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот. Високата влага и ниската температура (нпр. доцна есен) можат да го продолжат времето на врзување и да влијае на изедначување на нијансите.
TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Oд +15°C дo +30°C, релативна влажност не поголема од 70 %. Да не се работи на директно сонце, дожд или на силен ветар.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,4-0,45 kg/m2 зависно од рапавоста и впивливост на подлогата.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
До 12 месеци во оригиналната амбалажа. Да се чува на температура од +5°С до +25°С, заштитено од сончева светлина и замрзнување.
ПАКУВАЊЕ
5 кг; 8 кг; 25 кг