СОПСТВЕНИЧКА СТРУКТУРA

Компанијата Banja Komerc Bekament е основана и веќе четвртина век е успешно управувана од семејството Чоловиќ. Патот до успехот започна со мали чекори со 4 вработени. Со многу ентузијазам, работа, љубов и храброст сега тоа е голема компанија од преку 500 луѓе, но во која сите одлуки и понатаму се донесуваат семејно, а тоа и дава посебна сила и стабилност и на што нејзините сопственици се особено горди, сметајќи го тоа за еден од најголемите успеси.

Семејните вредности, посветеноста и упорноста се пренесуваат на секој сегмент на работењето.

 

Знаеме кој сме.
Знаеме кои се нашите вредности.

КОСТА ЧОЛОВИЌ

КОСТА ЧОЛОВИЌ

Сопственик на компанијата
Banja Komerc Bekament

Ние во Bekament ги покажуваме својата сила, успех и ширина на капацитетот водејќи сметка со секое ново достигнување да градиме темели за подобра иднина за сите нас.
Константно работиме на имплементација на најсовремените деловни и технолошки решенија, ги следиме потребите на нашите корисници и ги унапредуваме стандардите на работењето.
Донесуваме храбри одлуки, поставуваме храбри цели затоа што знаеме дека можеме да ги оствариме. Не се плашиме од новото. Ние истражуваме, создаваме, проектираме, градиме и решаваме. Ние ги поместуваме границите, и своите и туѓите.

Ние правиме повеќе
од производи.
Ние веруваме
во силата.

AЛЕКСАНДАР ЧОЛОВИЌ

AЛЕКСАНДАР ЧОЛОВИЌ

Сопственик на компанијата
Banja Komerc Bekament

Ние гледаме повеќе од она што е пред нас. Зад секој производ, ние гледаме луѓе, домови, моменти, живот. Ние создаваме решенија за подобро утре, од темел до покрив, имајќи го предвид и фактот дека целиот процес го држиме под контрола - од каменоломите и основните суровини до крајниот производ, со што поставивме висок пазарен стандард за во иднина.

Гледаме подалеку,
гледаме повеќе.

ДЕЈАН ЧОЛОВИЌ

ДЕЈАН ЧОЛОВИЌ

Сопственик на компанијата
Banja Komerc Bekament

Во нашата индустрија работат многу луѓе. Оние што произведуваат, дистрибуираат, продаваат, купуваат. И сите тие го прават возможно тоа што го правиме. Ние ја разбираме нивната страст затоа што тоа е и наша страст. Ние ја разбираме нивната борба затоа што тоа е и наша борба. И нашиот пат по кој одиме смело и без компромис. Квалитетот е димензија на која го изградивме успехот. Квалитетот е сè што правиме заедно. Нашиот тимски дух, работната технологија и процесите што постојано ги подобруваме. Квалитетот на нашите производи создаде име во кое луѓето денес имаат голема доверба, на што сме многу горди.