BK-S Plast

Фасаден малтер на силикатна база

BK-S Plast

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Tенкослоен силикатни декоративен малтер во форма на паста наменет за заштита на фасадни ѕидни површини. Се одликува со добра адхезија на подлогата, одлична обработливост, висока цврстина, негоривост и добра паропропусност. Отпорен е кон UV зрачење и атмосферски влијанија. Поради своите карактеристики, се препорачува при санација на стари објекти и за заштита на споменици на културата.

СТРУКТУРАТА НА МАЛТЕРОТ

Rajb (зарибана – rille) и Ful (полна – kratz).

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот се нанесува мора да биде цврста, чиста, сува и премачкана со BK-Grund Silicat подлога. Пред да биде нанесен, BK-S Plast треба да се промеша и по потреба да се разреди со мало количество вода (1-2 %, 0,25-0,5л вода). Малтерот се нанесува со челична глетарка со дебелина на најкрупното зрно. Во зависност од саканата структура, малтерот потоа се обработува со пластична глеталка и тоа: Ful структура – се структурира веднаш по нанесувањето со кружни движења, Rajb структура – се структурира кратко по нанесувањето со кружни движења додека не се постигне саканата структура. Врз континуални ѕидни површини, потребно е да се работи рамномерно и без прекини. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот. Напомена: Доколку се работи врз континуални фасадни површини, потребно е содржината на материјалот од повеќе канти да се измеша, за да се постигне егализација на материјалот.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА

Од +15°C до +30°C, релативна влажност max. 70 %. Да не се работи по директно сонце, за време на дожд или силен ветер. Фасадата соодветно да се заштити со мрежи. Висок степен на влажност и ниски температури може да го продолжат времето на врзувањето на малтерот.

ПОТОШУВАЧКА

Околу 2.4-3.3 kg/m², во зависност од структурата и гранулацијата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и замрзнување.

ПАКУВАЊЕ

25 kg.