BK-Mal 220

Цементно-варов малтер за внатрешни ѕидови.

BK-Mal 220

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Цементно-варов малтер за машинска и рачна примена на внатрешни ѕидови од тула, блокови, сипорекс и бетон. Производот може да користи за мокри чворови, како и за површини врз кои ќе биде поставена керамика.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста и сува, без лошо поврзани делови и мрсни дамки. Затворање на дупки, фуги, електрични отвори треба да се направи пред малтерисување. За случај на малтерисување на бетонски или други мазни површини, а со цел малтерот подобро да се врзе за подлогата, претходно би требало да биде нанесен BK-Бетон Контакт (BK-Beton Kontakt). Врз порозни подлоги или високовпивливи подлоги (на прим. сипорекс блокови), за да се одбегне нерамномерно сушење и пукање на малтерот, врз подлогата да се нанесе BK-Нивелатор (BK-Nivelator). Доколку врз површината постојат поголеми нерамнини, претходно да се нанесе BK-Mal 120. Малтерот се подготвува со интензивно мешање на правта со 22-24% на вода. Малтерот може да се нанесува машински со дебелина од минимално 10 mm, a максимално 25 mm. Малтерот потоа да се развлече со помош на Х летва, да се потсече, да се филцува и да се измазни. Доколку е потребно малтерот може да биде нанесен во подебел слој. Малтерот се нанесува континуирано, по принцип свежо врз свежо, сé дури не се постигне саканата дебелина (макс. 40 mm). Малтерот треба рамномерно да стврднува. Не се препорачува директно загревање на малтерот. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 11-12 kg/m²/cm дебелина.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети.

ПАКУВАЊE

30kg