BK-Mal 420

Цементно-варов малтер за надворешни ѕидови

BK-Mal 420

Калкулатор на потрошувачка

Потребни Ви се kg од овој производ

ПРИМЕНА

Подобрен цементно-варов малтер за машинска и рачна употреба на надворешни и внатрешни ѕидови од тула, блокови, пенобетон и бетон. Производот се користи за мокри чворови, како и за површини врз кои ќе биде поставена керамика. Производот го карактеризира висок степен на механичка јакост и добро врзување со подлогата, па поради тоа овој вид малтер посебно е погоден за места на кои подоцна ќе бидат поставени потешки ѕидни елементи.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Подлогата врз која малтерот ќе биде нанесен мора да биде цврста, чиста, сува, без лошо врзани делови и мрсни дамки. Затворањето на дупки, фуги, електрични отвори да биде завршено пред малтерисување. Кај сидовите кои се изградени со гитер блок и тули, како и во случај на значителни нерамнини на површината, потребно е претходно да се нанесе разреден малтер (шприц). При малтерисување бетонска или друг вид мазна површина, за подобро врзување на малтерот врз подлогата треба да се нанесе BK-Beton Kontakt. На порозни или високовпивливи подлоги (на прим. пенобетонски блокови), за да се одбегне нерамномерно сушење и пукање на малтерот, на подлогата да се нанесе BK-Nivelator. Малтерот се подготвува со интензивно мешање на правот со околу 22-24% вода (30kg прав во околу 7l вода) . Maлтерот најчесто се нанесува во две фази, по методата свежо на свежо, на претходно подготвена, сува подлога во дебелина од мин. 10 mm, a макс. 25 mm. Малтерот потоа да се развлече со помош на Х летва, да се потсече, да се филцува и да се измазни. Доколку е потребно малтерот да биде нанесен во подебел слој, малтерот се нанесува континуирано, по принцип свежо врз свежо, сé дури не се постигне саканата дебелина (макс. 40 mm).

ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Подлогата и воздухот +5°C do +25°C. Малтерот треба да стврднува рамномерно. Директно загревање на малтерот не се препорачува. За подетални упатства да се погледне во техничкиот лист за производот.

ПОТРОШУВАЧКА

Околу 12-13 kg/m²/cm дебелина.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ

12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор подигнат на палети. Дата на производство е втисната на амбалажата.

ПАКУВАЊE

30 kg