Кои се предностите од квалитетната хидроизолација на бањата?

Кои се предностите од квалитетната хидроизолација на бањата?

Кои се предностите од квалитетната хидроизолација на бањата?

Кои се предностите од квалитетната хидроизолација на бањата?

При уредувањето на модерниот дом големо внимание се посветува на бањата со желба да се опреми на современ начин. Првиот чекор во создавањето на функционална и естетски единствена бања е вградувањето на хидроизолација на бањата.

Бањата зафаќа околу 10% од површината на куќата или станот, но како просторија секојдневно се користи за освежување што ја прави еден од најчувствителните делови од домот.

Доколку било кога сте се соочиле со појава на влага или мувла во бањата, свесни сте за фактот колку време е потребно за да се направи санација.

Неправилното вградување на хидроизолацијата во бањата или недостатокот на истата може да го наруши естетскиот изглед на просторијата и негативно да влијае на човековото здравје.

За да ги спречите возможните проблеми кои можат да се создадат под влијание на вода и влага, особено внимание треба да се посвети на правилното вградување на хидроизолација.

Во продолжението од блогот ќе Ви укажеме на проблемите кои може да ги предизвика неадекватната хидроизолација на бањата.

Покрај тоа, ќе зборуваме и за предностите од квалитетно избраната и поставена хидроизолација, и како да ја препознаете и изберете.

На крајот, ќе Ви ги претставиме цементните и акрилни хидроизолациони премази како вид на материјали кои изведувачите на работи најчесто ги користат и секојдневно ги препорачуваат.

Слабата хидроизолација влијае на Вашето здравје и на домашниот буџет

Без оглед на тоа дали се работи за новоизградена бања или се решава прашањето во врска со хидроизолацијата во бањата која веќе се користи, неправилно изведената или лошо избраната хидроизолација може да предизвика дополнителни проблеми и да направи трајни последици.

Таа може да влијае на Вашето здравје и да доведе до дополнителни трошоци.

Појавата на мувла и влага по ѕидовите го нарушува изгледот на бањата и престојот во таквата просторија станува непријатен.

Воздухот е тежок и добива непријатен мирис, а сето тоа заедно негативно влијае на расположението и здравјето на Вашето семејство.

Нехигиенските и влажни ѕидови влијаат на корисникот затоа што секојдневниот престој во неугледни простории постепено поттикнува создавање на лошо расположение и на негативни чувства.

Појавата на влага, мувла, бактерии и габи по ѕидовите поради неадекватно изведена или оштетена хидроизолација влијае на физичкото и психичкото здравје.

Најголемите проблеми се создаваат кога водата од Вашата бања ќе најде начин да истече во станот на соседот.

Тогаш состојбата станува ургентна затоа што подоцнежната санација на хидроизолацијата подразбира итна постапка која бара многу време и средства.

Старите плочки мора да се демолираат, а на нивно место потребно е да се постават нови. Изведувањето на градежните работи може да трае со недели, а потребно е штетата да му се надомести и на соседот.

Со други зборови, квалитетно избраната и поставена хидроизолација во бањата и ангажирањето на професионалци ги штеди Вашите пари и ја зголемува вредноста на Вашиот објект.

Просторот кој е сигурно и долгорочно заштитен од навлегување на вода и влага ги подобрува естетиката и изгледот на Вашата бања.

Предности од квалитетната хидроизолација

Задача на хидроизолацијата во бањата е да обезбеди сува меѓукатна конструкција и со тоа да обезбеди поволни услови за престој во сите простории од домот или станот, а не само во бањата и тоалетот.

Со својот хемиски состав хидроизолацијата спречува продор на вода и продор на влага од бањата или тоалетот во другите простории.

Квалитетната хидроизолација во бањата, пред се, ги заштитува ѕидовите и плафонот од оштетувањата кои ги предизвикува водата.

Клучната улога на хидроизолационот слој во бањата е во тоа што сe стопира навлегувањето на вода и влага низ ѕидовите и плафонот.

Покрај тоа, се спречува и истекување на вода низ подот и појава на пукнатини на ѕидовите. Потоа, се спречува и можноста да се одлепат керамичките плочки и да се излупи бојата – што е вообичаена работа во влажните и мокри бањи.

Неопходно е да се ангажираат професионалци и експерти кои правилно ќе ги изберат и применат проверените хидроизолациони системи.

Погрешно избраната и применета хидроизолација ќе предизвика дополнителна штета. Затоа, неопходно е да се потпрете на примерите од добрата практика и советите од експертите.

Послушајте совет од стручно лице

Најголемиот број на мајстори, изведувачи и керамичари во Македонија за хидроизолација на бања препорачуваат и користат полимер-цементен премаз. Предноста на овој премаз е тоа што е ценовно пристапен, а лесно се применува на закривени површини, агли и ќошиња. Таквите места значително потешко и поскапо се изолираат со битуменски ленти или со други заптивни средства. Со други зборови, полимер-цементниот премаз е Best Buy!

Откако ќе се исуши, полимер-цементниот премаз формира трајна водонепропусна мембрана со дебелина од 2 дo 3 mm. Водата не може да истече низ подот, ѕидовите или спојките.

Појавата на влага или мувла е оневозможена. Се работи за исплатливо и долготрајно решение поради својата постојаност, широка применливост и стабилност.

На домашниот пазар постојат неколку различни цементни хидроизолации, еднокомпонентно или двокомпонентно пакување, на база на портланд цемент, полимерни врзувачи и адитиви.

Bekament производи:

се хидроизолациони премази за хоризонтална и вертикална заштита на површината од влага, за надворешна и внатрешна употреба. Секој поединечно според својствата и функционалните карактеристики прилагоден е на соодветни површини и различни барања на корисниците.

Покрај полимер цементните хидроизолации во понудата на пазарот се наоѓа и хидроизолација на акрилна база. Се работи за течна, подготвена за употреба, хидроизолација.

BK-HidroStop Premium e флексибилен еднокомпонентен хидроизолационен премаз на база на полимерна емулзија за хоризонтална и вертикална заштита на површината од влага, пред поставување на керамика, а која се карактеризира со фина завршна структура со сина боја. Погоден е за употреба во системи со подно греење, а особена примена има за хидроизолација на површините од гипс картонски плочи.

Изборот на видот на хидроизолационен премaз зависи од позицијата и улогата која ја има мембраната. Но во двата случаи постапката на правилно вградување на хидроизолација е клучна.

Потребно е да се следат препораките и упатствата на производителот.

Хидроизолација која трае

Хидроизолацијата на бањата се вградува само еднаш, но својата бања ќе ја користите секој ден. Затоа на нејзиниот избор и вградување треба да посветите посебно внимание.

Голем број на изведувачи на работи користат полимер цементен хидроизолационен премаз како материјал кој најдобро се покажа во практиката.

Покрај тоа, големиот број на задоволни корисници се најдобрата гаранција дека со производите на BEKAMENT и Вашата бања ќе биде трајно заштитена од поплави, излевања и влага.

Квалитетната хидроизолација на бањата обезбедува сигурна и долготрајна заштита  oд навлегување на вода и влага, го штити Вашето здравје и не Ве изложува на непредвидени трошоци.

Погледнете го на нашиот YouTube канал и видеото „Како правилно да се вгради системот за хидроизолација и поставување на керамика во бањата?”

 

Сакате да дознаете повеќе? За дополнителни информации во врска со хидроизолационите системи, цената и начинот на вградување, можете да го контактирате Bekament професионалниот тим за техничка поддршка преку е-пошта адреса tehnicka.podrska@bekament.com

Ве повикуваме на нашите социјални мрежи Facebook / Instagram да споделите според Вашето мислење кои се предностите од квалитетната хидроизолација?

Ви се допадна текстот? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.