КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ОД СИСТЕМСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА И ПОСТАВУВАЊЕ НА КЕРАМИКА ВО БАЊАТА?

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ОД СИСТЕМСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА И ПОСТАВУВАЊЕ НА КЕРАМИКА ВО БАЊАТА?

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ОД СИСТЕМСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА И ПОСТАВУВАЊЕ НА КЕРАМИКА ВО БАЊАТА?

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ ОД СИСТЕМСКОТО РЕШЕНИЕ ЗА ХИДРОИЗОЛАЦИЈА И ПОСТАВУВАЊЕ НА КЕРАМИКА ВО БАЊАТА?

Бањата е една од најважните простории во куќата или станот, но е и најчувствителниот дел од внатрешниот простор поради секојдневното присуство на вода и влага поради нејзината интензивна употреба.

Затоа посебно внимание се посветува на опремувањето на бањата. За да се задоволат сите естетски и функционални барања, особено внимание треба да се посвети на изборот на квалитетни материјали со кои хидроизолацијата на бањата и поставувањето керамика, како и нивното правилно поставување би биле ефективни. За долгорочна заштита на бањата, професионалните изведувачи препорачуваат примена на системски решенија.

Што се тоа системски решенија за бања и кои се предностите од примената ќе прикажеме на примерот HYDRO CERAMIC BATHROOM систем за хидроизолација и поставувањето керамика во бањата.

Дадениот систем претставува сигурно, квалитетно и економично решение кое обезбедува сигурна и долготрајна заштита од продор на вода и влага. Се карактеризира со одлична водонепропустливост, отпорност на појава на мувла и добар однос на цената и квалитетот. Лесно и едноставно се вградува, а погоден е и за подно греење.

За да се постигнат овие предности, постапката за правилно вградување на овој систем подразбира примена на седум различни материјали кои имаат точно дефинирано место и улога во рамките на системот. Тоа се: 1) oсновен премаз, 2) самонивелирачка масa, 3) хидроизолационен премаз, 4) хидроизолациони  ленти, 5) лепило за керамички плочки, 6) маса за фугирањe и 7) заптивна маса.

Постапка за правилно вградување на HYDRO CERAMIC BATHROOM системот

За да се пристапи кон вградување на даденото системско решение потребно е претходно да бидат завршени работите на водоводната и канализациска инсталација, електричната инсталација, вентилациската и грејната инсталација, да биде вградена надворешната и внатрешната столаријa.

Бидејќи не постои совршено рамна површина за завршни работи, потребно е неправилната подлога да се подготви. Првин потребно е површината да се исчисти од прашина, а потоа и да се „прајмира“. Како прајмер користиме BK-Ultra Prime универзална подлога. Oвој слој ја подобрува адхезијата, ја изедначува апсорпцијата и ги врзува честичките прашина.

За да се добие доволно рамна подлога, без остри рабови и оштетувања, потребно е да се надоместат неправилностите во хоризонталната површина на подот. За таа цел препорачуваме самонивелирачка маса за подови BK-Liv 10. Oваа маса се користи за тенкослојно израмнување на бетонски површини и цементни кошулки пред нанесување на хидроизолација. Откако ќе се исуши потребно е подлогата и ѕидовите да се премачкаат со BK-Ultra Prime универзална подлога.

Поставување на хидроизолација

Кога ќе заврши периодот на сушење на подлогата, се нанесува хидроизолационен премаз. Во рамките на HYDRO CERAMIC BATHROOM системот се наоѓа BK-HidroStop 2, двокомпонентен, флексибилен хидроизолационен полимер-цементен премаз за хоризонтална и вертикална заштита од влага.

Првиот чекор во употреба на хидроизолациониот премаз во HYDRO CERAMIC BATHROOM системот подразбира негово нанесување на самите спојки на допирните површини. Во првиот слој на премазот BK-HidroStop 2, кој е нанесен по аглите и спојката на подот и ѕидот, се втиснува BK Tape – eластична хидроизолациона лента. потоа, по должина на лентата се нанесува вториот слој од хидроизолациониот премаз.

На преостанатата површина на ѕидовите и подот се нанесува хидроизолационен премаз, спојувајќи ги деловите на кои се хидроизолационите ленти. После 12 часа сушење на првиот слој, но на сè уште влажниот прв слој, се нанесува вториот слој. Вториот премаз се нанесува вкрстено, под агол од 90 степени во однос на насоката на нанесување на првиот слој. Вкупната дебелина на нанесувањето треба да биде околу 2 mm.

Лепење на керамички плочки

По сушењето на вториот хидроизолационен слој во времетраење од најмалку 24 часа, се пристапува кон лепење на керамички плочки. Изборот на лепило зависи од димензиите и видот на плочки, нивната апсорпција и условите на планираното користење.

Прво на површината заштитена со хидроизолационен премаз се нанесува SiproFix BK 160 Super Flex, флексибилно лепило за керамички плочки за внатрешна и надворешна употреба. Ова лепило може да се користи и кај лепење на плочки со голем формат, но и кај системите за подно греење.

Следниот чекор претставува вградување на керамичките плочки. Тие се вградуваат со постапка на контактно лепење, потребно е најмалку 65% од површината на плочката да бидат покриени со лепило. За да се обезбеди изедначено растојание помеѓу плочките, користиме пластични дистанцери.

Фугирање и заптивање

Кога целосно ќе се исуши лепилото, пристапуваме кон фугирање и заптивање. BK-Fugomal e високо квалитетна водоотпорна маса за фугирање на плочки. Наменета е за фуги со ширина дo 10 mm и нуди добар избор од 24 нијанси. Фуг-масата се нанесува со гумена глетарка, косо во однос на линијата на фугата (под агол од 45 степени). Се користи за внатрешна и надворешна употреба, на вертикални и хоризонтални површини.

Во завршната фаза на вградувањето на HYDRO CERAMIC BATHROOM системот за хидроизолација и поставување на керамика се нанесува BK-Silicon Sanitar. Oваа санитарна силиконска маса се користи за заптивање на споеви помеѓу керамичките плочки во аглите и на местата каде што ѕидот се спојува со подот, како и за заптивање на споевите помеѓу санитариите и плочките во бањата. Силиконската маса е отпорна на стареење, собирање, пукање, мувла, УВ зрачење и влијание на вода.

Дали сакате да дознаете повеќе? За дополнителни информации во врска со хидроизолационите системи, начинот и цената на вградување, можете да го контактирате професионалниот тим за техничка поддршка на Bekament, преку е-пошта адресата tehnicka.podrska@bekament.com

Ве повикуваме на нашите социјални мрежи Facebook / Instagram да споделите, според Вашето мислење, кои се предностите од квалитетна хидроизолација на бањата.

Ви се допадна текстот? Споделете го со своите пријатели.

We use cookies to personalise content and ads, to provide social media features and to analyse our traffic. We also share information about your use of our site with our social media, advertising and analytics partners who may combine it with other information that you’ve provided to them or that they’ve collected from your use of their services.
We use cookies to personalise content and ads.