PROTECTART

Производи за дрво и метал

Истражете ја палетата на производи

Како составен дел на природата имаме потреба просторот во кој престојуваме да го збогатиме со природни елементи. Без соодветна заштита, овие елементи брзо пропаѓаат или ја губат својата функционалност. Следејќи ги актуелните стандарди во областа на декорацијата и заштитата на дрвото и металот, ја развивме PROTECTART линијата на производи која покрај системот на маслена и нитро база нуди и еколошки системи за заштита на водена база. Се карактеризираат со висок степен на заштита на дрво и метал, добра покривност, едноставност и широк спектар на примена. Покрај тоа што заштитуваат, PROTECTART производите го облагодоруваат просторот со широка палета на бои, а нудат и можност за имитација на различни видови на дрва.

ДОЛГОТРАЈНА ЗАШТИТА, ВО БОЈА